ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Млади презентираа идeи за развој на заедницата

July 7, 2023 15:22
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓанската организација Иницијатива за европска перспектива, во рамки на проектот „Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)”, денеска одржа конференција на која младите презентираа и идеи за развој на заедницата. Според Кристина Сибиновска, проектен директор на „Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)”, целта на проектот е да се „зајакнат капацитетите на локалното граѓанско општество за градење отпорност против радикализација на младинското население во Северна Македонија, како и развивање Платформа на граѓански организации, кои работат со млади и темата радикализација за да работиме на превенција од насилство кај младите од секаков вид. Во таа насока спроведовме бројни активности за едукација на младите, зајакнување на нивните капацитети во повеќе области. Како резулатат на овие активности денес сме овде, каде младите од повеќе градови од Македонија ќе презентираат свои идеи за развој на заедницата во која живеат”.

Од шест идеи, беа избрани најдобри три идеи за развој на заедницата. Првонаградена беше идејата „Drim buy – Купувај по струшки од Струга“ на тимот од Струга, второ место доби тимот „Конект“ од Куманово и трета награда за тимот „CareTalk“ од Куманово. Сите 16 учесници добија лап топ компјутери од страна на проектот.

Според Националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, Златко Апостолоски, во изминатиот период државата се соочува со поделеност од верски, етнички или политички причини. Затоа, вели тој, вакви проекти се многу важни. „Ваквите проекти се важни, бидејќи на младите им ја претставуваме перспективата, да им покажеме дека разликите не се проблем, туку треба да ги бараме сличностите, меѓу себе за да можеме да градиме едно општество”, порача Апостолоски. Според него не е заеблежан тренд на зголемено насилство кај младите, иако се уште има одредени форми на насилство на кои треба да се работи многу повеќе. „Јас бев и силно засегнат од врсничкото насилство или насилството кое се случуваше поавтобуските постојки и градскиот превоз, бидејќи работев во МВР. Но, мислам дека преку ваквите работилници спласнуваат тензиите. Проблем уште претставуваат одредени форми на булинг, меѓутоа активно работиме на тоа да го подигнеме на одговорност кај лицата во образованието кои имаат одговорноста одблиску да ги следат проблемите кај младите. Нормално не смееме да ја запоставиме и улогата на семејството оти таа е многу важна, затоа организираме проекти во кои работиме со мајките”, вели Апостолски.

Наим Иљази, претставник од Агенцијaта за млади и спорт посочи дека Агенцијата е отворена за поддршка на ваквите иницијативи. Истакна дека Агенцијата ги препознава сите младински интереси и дека новата Националната стратегија за млади го опфаќа проблемот со насилството помеѓу младите, но дека се уште не е изготвена.

Проектот „Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)“, е финансиран од Европска унија, кој организацијата Иницијатива за европскаперспектива, како координатор го спроведува заедно со организациите Нексус Граѓански концепт од Скопје, ЗРА – Аква од Струга и Центар за – интеркултурен дијалог – ЦИД од Куманово.

На денешната конференција беа сумирани сите впечатоци и идеи произлезени од работилниците кои изминатиот период се одржуваа во рамки на проектот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: заедницамладиРазвој

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 3, 2025
Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk