ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи до Шаленберг: Забрзувањето на ЕУ интеграција ќе го врати кредибилитетот на процесот на проширување на Унијата

July 7, 2023 10:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи на маргините на првата Конференција за климатски промени што се одржува денеска во Виена оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг.

Австрија дава силна поддршката и има директен и конструктивен ангажман во справувањето со предизвиците и приоритетите на Претседавањето со ОБСЕ во 2023 година, при што Османи побарал помош од Австрија и за справување со итните прашања важни за функционирањето на Организацијата.

Во однос на билатералната соработка меѓу Северна Македонија и Австрија, двете земји негуваат блиски односи речиси три децении, со взаемна посветеност за натамошно унапредување на соработката.

„Северна Македонија изразува благодарност до Австрија за нејзината силна и отворена поддршка на нашиот пристапен пат кон ЕУ и залагањата за членство во ЕУ за целиот Западен Балкан. Земјава ја цени австриската поддршка на концептот на забрзана интеграција, верувајќи дека тоа ќе придонесе за зачувување на кредибилитетот на процесот на проширување”, истакнал Османи на средбата со Шаленберг.

Министерот го информирал соговорникот и за постапката за уставни измени што е во тек.

„Уставните амандмани се клучен фокус за Северна Македонија. Работиме на синхронизирање на овој процес со сите чинители во државата за негово успешно завршување до декември 2023 година”, рече Османи.

Во однос на регионалните случувања, Османи пред Шаленберг ја истакнал улогата на Северна Македонија на домаќин на дијалог Белград-Приштина во Охрид, што резултираше со значаен договор. Тој го претставил и планот од 9 точки понуден како додадена вредност за деескалација на ситуацијата на северот на Косово.

„Продолжувањето на дијалогот предводен од ЕУ е исклучителна важност и за ОБСЕ и за Северна Македонија како непосреден сосед. ОБСЕ е подготвена да го поддржи и помогне спроведувањето на препораки што ќе произлезат од овој процес на терен”, рекол Османи.

Tags: АвстријаОсманиШаленберг
Next Post

Мултимедијален настан во знак на отпочнување на серија на настани под името „Остави трага“

Shortcut

Најново

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
Протести во Албанија, октомври 2026 (globalnews.ca)

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ) Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Брвеница избира градоначалник: Во трка се шест кандидати

October 18, 2026

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk