ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Тренчевска: Време е да имаме еднакви можности, еднаков пристап до ресурси и најважно еднакви придобивки од тие ресурси

July 10, 2023 14:17
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во утринската програма на Македонската телевизија зборуваше за родовата еднаквост, стереотипите присутни во општеството, за вистината за Предлог законот за родова еднаквост, за семејните вредности, заштитата на децата и серијата настани под наслов „Остави трага”, каде во фокус се младите лица.

Министерката посочи дека на Предлог законот за родова еднаквост се работи од 2019 година, формирана е работна група и одржани се 18 јавни расправи низ државата со цел да се слушнат сите чинители во општеството и да се креира законско решение кое може да се реализира со вистински одредби кои можат да се имплементираат.

„Пред да започнеме да го работиме Предлог законот за родова еднаквост, направивме анализа за тоа колку се имплементираат одредбите од законот и колку се функционални механизмите кои се дел од постоечкиот закон. Анализите покажаа дека имаме слаба имплементација и дека механизмите не се функционални. Зборувам за механизмите на локално, национално ниво и механизмите во Собранието,” истакна Тренчевска.

Таа посочи дека покрај тие причини првично, но и заради усогласување на македонското со европското законодавство се пристапило кон измени. Вклучени се и директиви од европското законодавство, како што се директивата за еднаков третман, директивата за хармонизација на семејниот и професионалниот живот, пристапот до добра и услуги.

„Внесуваме нов концепт, внесуваме интеграција на родовата перспектива во политиките. Залудни ни се механизми и закон ако во тие мерки не е вклучена родовата перспектива. Во овој закон за прв пат во законодавството дефинираме што претставува родовото меинстримирање и чекорите како да бидат родово сензитивни,” посочи Тренчевска.

Министерката појасни дека со законот се потврдуваат семејните вредности и заштитата на децата.

Таа се осврна на кампањата која го одбележа месец март на Министерството за труд и социјална политика, каде во фокусот беа жените и девојчињата, борбата против насилството врз жените и девојчињата, важноста на менталното здравје и економската независност на жените.

Министерката посочи дека нашата земја е лидер во

„Мораме што повеќе жени да вклучуваме на пазарот на трудот. Да го намалуваме насилството врз жените. Не смее ниту една жена, ниту еден човек да живее во услови на насилство. Да работиме да ги зајакнуваме младите, жените, да бидат економски независни, да работиме со девојчињата уште во процесот на образование. Само на тој начин можеме да ги отстраниме стереотипите и предрасудите кои се врзани со девојчињата. Така ќе ја подигнеме свеста дека не треба да има поделба на жени и мажи и женски и машки работи кога се работи за професии и функции кои припаѓаат и на жените и на мажите,. Не може 51 отсто од општеството да иде ставено на страна , само затоа што е жена. Време е да имаме еднакви можности, еднаков пристап до ресурси и најважно еднакви придобивки од тие ресурси ” истакна Тренчевска.

Министерката ја најави неколку месечната кампања за младите „Остави трага”, која ќе се случува во повеќе градови во државата, а започна минатата недела во Скопје. Целта е преку лични приказни се допре до младите, да се подигне свеста за говорот на омраза, за менталното здравје, за можностите кои што институциите ги нудат на младите, вработувањето, можностите за подобри работни места и пристојни плати. Овие настани се мултимедијални, каде е вклучена музика, сликање, театар.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: МТСПТренчевска

НАЈНОВО

Фото: Влада на РСМ

Азизи: Одобрени 829 проекти од околу 15 милијарди денари за патишта, училишта, градинки, спортски сали и водоводни и канализациски системи

July 2, 2025

Украинското МНР предупреди дека одложувањето на воената поддршка на САД само ќе ја охрабри Русија да продолжи со теророт

July 2, 2025
Фото: МИА

Расправата за ребалансот продолжува утре

July 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скриншот

    Кос: Ситуацијата е јасна – откако ќе се направата уставните промени веднаш започнуваме со меѓувладина конфернција без било какви дополнителни политички условувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Вимблдон: 11 историски моменти кои никогаш нема да се заборават

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Голема сензација на Вимблдон: Отпадна третата тенисерка на светот за само 58 минути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk