ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Вучиќ-Милатовиќ: Важен чекор во ревитализација на политичките односи на Србија и Црна Гора (ДПЛ)

July 10, 2023 14:24
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Српскиот претседател Александар Вучиќ и црногорскиот претседател Јаков Мијатовиќ согласни дека посетата на Мијатовиќ на Белград и разговорите се важен чекор во ревитализација и свртување на нова страница во политичките односи меѓу двете држави, јави дописникот на МИА од Белград.

Српскиот претседател на прес конференцијата рече дека со Јаков Милатовиќ разговарале отворено, цивилизирано и нормално, што е предуслов за понатамошно градење доверба, како и дека не сака од никого да бара нешто што не го сака, и да „никому ни на сенка нема да застанеме“.

– Разговорите потврдија дека го делиме мислењето дека зајакнувањето на билатералните врски и поблиската соработка е од огромна заемна корист. Нашите добри односи се важни поради луѓето кои треба да ја почувствуваат користа од она за што разговараме, рече Вучиќ.

Црногорскио претседател изјави дека Црна Гора и Србија ги врзува „заедничка историја и традиционална блискост, заедничка европска цел, што ги обврзува да имаат најдобри можни односи, дури и кога немаме ист став за некои теми, а ги има многу“.

– Ние имаме добри економски односи, но и покрај тоа немаме амбасадори, заеднички гранични премини, платежните трансакции претставуваат сериозна деловна бариера, мешовитите економски комисии не се состанале со години, а заедничка седница на владите на двете земји никогаш не се одржала, посочи Милатовиќ.

„Важно е да не се нарушуваат односите, туку да се подобрат. Се согласивме дека е важно именувањето на амбасадори, за што добив уверување дека Србија набргу ќе го направи тоа, а и Црна Гора по формирањето на владата“, рече Милатовиќ и посочи дека со оваа посета се свртува нова страница во односите меѓу двете земји.

Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање дали со црногорскиот претседател разговарале за екстрадиција на поранешниот претседател на СЦГ Светозар Маровиќ во Црна Гора, изјави дека Србија, како сериозна и одговорна земја, на одговорен начин ќе даде втемелени одговори.

– За мене, нешто друго се поставува како прашање. Зошто во нашите односи секогаш бараме причина да го обвинуваме другиот за непочитување. Дали сте размислувале, дали не боли што Црна Гора го призна нелегалното отцепување на дел од територијата на Република Србија со Косово? Дали нè заболе кога беше протеран нашиот амбасадор во Подгорица, а за тоа немаше валидна причина? Во знак на почит кон господинот Милатовиќ, за 10-12 дена ќе избереме кој ќе биде нашиот нов амбасадор во Подгорица, рече Вучиќ.

Тој на прес конференцијата рече дека со Милатовиќ разговарал и за сите важни теми, од инфраструктурни прашања, изградба на автопатишта, натамошна изградба на железничката пруга, како и натамошно поврзување на енергетски план.

– Разговаравме за најавата од Црна Гора дека има намера да изгради ЛНГ терминал за течен гас во Бар. Србија е заинтересирана да купи дел од тој течен гас, затоа сме подготвени да ги спуштиме цевките кон мерната станица во Бијело Поље, за да можеме да купиме значителни количини гас, рече Вучиќ.

Tags: ВучиќМилатовиќполитичките односи
Next Post

Ковачевски предводи владина делегација на Самитот на НАТО во Вилнус

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk