Министерот за економија Крешник Бектеши од денеска (11.07.2023) па во наредните три дена ќе биде во официјална посета на Вашингтон, САД.
Во рамки на посетата министерот Бектеши ќе се учествува на Конференцијата организирана од невладина организација „Трансатлантската лидерска мрежа”, а посветена на Западен Балкан и ќе се обрати на тема: Енергетска диверзификација: Кон европската енергетска независност.
Министерот Бектеши исто така ќе се и обрати на тркалезна маса, во организација на „Атлантскиот Совет” со експерти/надворешни соработници кои работат на Западен Балкан на кои ќе им ги презентира економските и енергетските потенцијали на земјата.
Министерот Бектеши во рамки на посетата ќе оствари и билатерална средба со американскиот помошник државен секретар за енергија Џефри Пајат како и други високи претставници во Стејт Департментот.