ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бесими: Постигнавме системско и одржливо решение со синдикатите за платите во државната администрација

July 11, 2023 10:53
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Со постигнатиот договор со синдикатите, 85.000 вработени во државна администрација на централно ниво, буџетските корисници и во установите ќе добијат покачување од 10% со септемвриската плата, а исто така ќе им биде исплатен к-15 од 10.000 денари, за што ќе се обезбедат средства со ребалансот на Буџетот во септември, порача  министерот за финансии, Фатмир Бесими во гостување на емисијата 24 Анализа. За граѓанската обврзница, министерот истакна дека има огромен интерес и најави дека за да им се излезе во пресрет на граѓаните ќе се прифатат сите барања кои ќе се достават заклучно утре – 12 јули.

Министерот рече дека е договорено и воведување на системско решение за редовно покачување на платите во јавниот сектор од 2025 година, како и дека од следната година регресот за годишен одмор ќе се исплаќа во вредност од 30% од просечната исплатена плата. За покачувањето годинава, напомена дека Министерството за фианнсии ќе започне со подготовка на ребаланс со кој ќе се обезбедат средства за покачувањето на платите на администрацијата од септември и исплата на к-15.

Во однос на граѓанската обврзница Бесими посочи дека граѓаните можат да доставуваат барања уште денес и утре во деловните банки. „Имавме желба да го лансираме овој производ, кој нема за цел да го финансира буџетот. Целта е да се раздвижи пазарот на капитал, да понудиме нов инструмент за граѓаните и да го прошират своето инвестициско портфолио. Тоа е безризична инвестиција, а воведувањето на овој инструмент исто така влијае на намалување на сивата економија, бидејќи ја активира готовината на граѓаните. Исто така, граѓаните со инвестирањето во граѓанската обврзница ќе придонесат во развојот на земјата. Дополнително граѓаните ќе остварат и принос со кој се штити вредноста на парите во услови на висока инфлација”, рече министерот Бесими. Тој истакна дека проспектот на аукцијата е објавен на 600 милиони денари, но доколку има интерес за 15 милиони евра ќе се запише целиот износ. Министерот посочи и дека во текот на годината ќе има и други аукции на граѓански обврзници, соодветно на високиот интерес на јавноста за овој инструмент.

Tags: Бесимијавен секторплати
Next Post
Фото: Wikimedia Commons

Во Мексико девет лица загинаа во пожар на пазар

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Четворица ограбувачи испразниле златарница во Сиетл за 90 секунди

August 17, 2025

Илјадници демонстранти во Тел Авив побараа крај на војната во Газа

August 17, 2025

Пожарот во „Јасен“, сè уште не е скротен, активни се и пожарите кај Лојане и Табановце

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk