ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Северна Македонија веќе инвестира 30% од буџетот за одбрана за модернизација на Армијата – повеќе од НАТО стандардот

July 11, 2023 15:53
in PMD, ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Премиерот Димитар Ковачевски од Самитот на НАТО во Вилнус, Литванија денеска изјави дека ова е исклучително важен состанок кој доаѓа во многу важен момент, во момент кога се води војна во Украина.

-Состанокот доаѓа после Самитот во Мадрид на кој имаше многу работа која што ја работеа министрите за одбрана, министрите за надворешни работи и секако претставниците во постојаното седиште на НАТО. Ќе бидат донесени неколку, многу важни заклучоци. Прво, ќе бидат донесени одлуки во однос на регионалните аспекти на одбраната на НАТО земјите и тоа вода, копно и воздух секако и за аспектите на сајбер одбраната и одбраната од хибридни напади, кажа Ковачевски.

Тој додаде дека ќе бидат донесени одлуки во однос на унапредувањето на соработката со Украина и во таа насока ќе биде формиран Совет на НАТО и Украина на кој во иднина ќе можат да се носат одлуките кои се однесуваат на заедничката соработка.

-Дополнително во однос на финансирањето на сите овие зголемени потреби за одбраната во овој нов геостратешки контекст ќе биде донесена одлука во однос на финансирањето и тоа значи дека 2% од БДП ќе биде практично минимумот за финансирање на одбраната, со тоа што најмалку 20% да бидат за модернизација. Северна Македонија е земја која што на модернизација веќе инвестира 30% од буџетот за одбрана што секако дека е потребно во овој контекст. Дополнително во однос на идната соработка со Украина, Северна Македонија има многу јасна позиција, истакна премиерот.

Според него, Северна Македонија како 30-та земја членка секогаш поддржува отворена врата на пристапување во НАТО, меѓутоа секако откако ќе бидат согледани сите безбедносни аспекти на актуелниот момент.

-Она што е многу важно, НАТО покажа дека е единствено како никогаш досега и донесена голема одлука со тоа што Шведска ќе биде 32-та земја членка на НАТО после вчерашните успешни разговори меѓу генералниот секретар на НАТО, г. Столтенберг, претседателот на Турција, премиерот на Шведска. Очекувам успешен состанок, мојот ден денес ќе започне со билатерална средба со премиерката на Естонија, утре имам билатерална средба со премиерот на Грција и секако одделни состаноци и со Индо-пацифичките држави, наши партнери со кои ќе разговараме за глобалните аспекти на безбедноста и одбраната, заклучи Ковачевски.

Tags: ВилнусКовачевскиСамит НАТО
Next Post

Јувентус подготвен да го продаде Погба за 10 милиони евра

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk