ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Можни се кривични за сите што придонесоа Скопје да се дави во смет, вели Спасовски

July 11, 2023 13:01
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Оливер Спасовски

Оливер Спасовски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски  соопшти дека е поднесена една кривична пријава за насилство во случајот со блокада на ЈП Комунална хигиена-Скопје.

-Поради тоа што завчера вечерта, откако тргнаа со работа работниците на „Комунална хигиена“, неколку од нив беа нападнати од едно лице коешто исто така било вработено во „Комунална хигиена“ и тоа доби кривична пријава за насилство и веќе е процесуирана до Јавното обвинителство, рече Спасовски при посетата на Центарот за обука Идризово.

Во врска со попречената работа во Комунална хигиена, очекува денеска да биде доставен записникот од Инспекторатот за заштита на животната средина, комуналниот инспекторат и инспекторите од Градот Скопје за да се видат нивните наоди. Посочи и дека МВР е  во постојана координација  со обвинителот.

-Доколку се утврдат елементи на кривично дело за сите сторители коишто придонесоа главниот град да се дави во смет, можно е да бидат поднесени кривични пријави согласно со доказите коишто ќе бидат прибрани, рече Спасовски.

На прашањето колку кривични пријави се поднесени до МВР за вработени во Комунална хигиена кои земале плата, а не доаѓале на работа, и дали пријава ќе има и за директорката Косана Мазнева доколку тоа го толерирала во изминатиот период, одговори дека  кривичните пријави се доставуваат до ЈО и ако има доставено копија и до МВР и по нив ќе се постапува бидејќи и тука, рече, треба да се приберат сите тие докази.

-Меѓутоа, ако имало недоследности во работењето, ако имало давање плати на лица коишто биле со договор вработени, а не доаѓале на работа и биле злоупотребени буџетски средства, секој еден за оваа работа ќе сноси одговорност. Значи, тука нема да имаме отстапка и нема да има никогаш за ниту една ситуација отстапка, а мислам дека ова треба да биде санкционирано за,  конечно, да се стави крај на политикантство и на игри коишто се случуваат на грбот на граѓаните, а овде е на грбот на здравјето на граѓаните, истакна министерот за внатрешни работи.

Додаде дека ниту Скопје, ниту граѓаните на Скопје, не го заслужиле тоа што се случувало во изминатите денови односно, како што рече, „хуманитарна еколошка катастрофа која што го загрозува здравјето и животот на граѓаните“, без оглед која е причината.

Tags: КривичниСкопјесметСпасовски
Next Post

Сребреница, вечната тага на човештвото

НАЈНОВО

СДСМ одреди уште 11 кандидати за градоначалници

August 27, 2025

Петровска на конференција во Копенхаген: ЕУ мора да биде обединета, Украина заслужува мир и слобода

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk