ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МП: Судскиот совет 5 месеци не го санкционира ВД претседателот на Основниот суд Куманово за злоупотреби на АКМИС системот

July 11, 2023 15:47
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за правда денеска соопшти дека и покрај укажувањата и писмените дописи за констатирани неправилности во работата на Основниот суд Куманово, Судскиот совет одолговлекува и не постапува по Извештајот кој е изготвен од нивна страна и јавно објавен на веб страницата на Советот.

Имено, Судскиот совет беше во работна посета на Основниот суд Куманово на 1 февруари годинава и подготви Извештај  каде се констатирани низа нарушувања на угледот на судиската функција, направени се груби повреди на начелото на недеискриминација по било која основа,користење на несоодветен вокабулар, навреди и омаловажувања на вработените од страна на в.д претседателот на судот како и злоупотреба на АКМИС системот, кое во голема мера влијае на односите и работењето на судот.

Имајќи предвид дека Извештајот е јавно објавен , министерот за правда Кренар Лога на 11 април  испрати писмен допис до Судскиот совет во кој се бара преземање на соодветни мерки или дејствија по однос на констатираните наводи, а особено заради тоа што разгледувањето на Извештајот беше на дневниот ред на седница на Судскиот совет одржана на 13 март.

Во Извештајот се наведени и злоупотреби на АКМИС системот, исклучување на одредени судии од автоматската распределба на предмети.Од увидот на предметите во работната група констатирано е долго траење и одолговлекување на постапката, неуредно и неажурно верификување на предметите во АКМИС системот.

„Од Судскиот совет добивме известување на 12 април дека дописот е доставен на запознавање и понатамошна надлежност и постапување до координаторот за следење на работата на Основниот суд Куманово, членот на Советот Ханиф Зендели“, велат од Правда.

Одговор не бил добиен,по што министерот за правда Кренар Лога  на 22 јуни испратил повторно до Судскиот совет УРГЕНЦИЈА за постапување по барањето за состојбите констатирани во Извештајот . Од изнесените 8 точки, 7 се однесуваат на состојбите во судот за констатирани нарушени меѓучовечки односи и некоректен однос на ВД претседтаелот на судот кон одредени вработени АКМИС системот.

На 29 јуни од страна на Заменик претседателот на Судскиот совет Ханиф Зендели доставен бил одговор дека е изготвен дополнителен извештај кој е потребно да се разгледа на седница на Судскиот совет по што ќе бидат информирани за констатираната состојба.

Министерството за правда уште еднаш го повика Судскиот совет да постапи согласно своите надлежности, бидејќи неказнувањето на вакви случаи ќе доведе до дополнително нарушување на угледот на Советот, а со тоа и намалување на довербата во правосудството.

„Министерството за правда и натаму ќе остане да биде транспарентно и ќе ја информира јавноста за сите состојби со кои се нарушува угледот и довербата во правосудството“, се вели во соопштението.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: АкмисМПОсновен суд Кумановосудски совет
Next Post

Се гради новиот резервоар за вода за три села во Општина Карбинци

НАЈНОВО

Фото: МИА

Ѓорѓиевски ветува дека за 72 часа ако стане градоначалник на Скопје ќе го реши проблемот со сметот

October 10, 2025

Шукова ја претстави визијата за Старата скопска чаршија

October 10, 2025
Фото: Уставен суд на РСМ

Потпишан Меморандум, Уставните судови на Северна Македонија и Косово ја продлабочуваат соработката

October 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Кој се плаши од метафорите на Тричко?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нетфликс може да ги купи правата за емитување на Лигата на шампионите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белгиските медиуми: Дуелот со Македонија може да биде решавачки за пласман на СП 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 10 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Борче Марковски: Кривична против осум физички и едно правно лице за злоупотреби во РЕК Битола од 1,7 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk