ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Украинската амбасада со реакција за вандалскиот чин во паркот „Украина“ во Чаир: Желбата да се почитува споменот на своите херои не може да се поврзува со уцена и со вршење на вандалски чинови

July 13, 2023 16:14
in PMD, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Реакција на Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија во врска со вандалскиот чин извршен во паркот „Украина“ во Општина Чаир на град Скопје.

Ноќта пред 13.07.2023 година непозната група лица извршиле вандалски чин во паркот „Украина“ кој се наоѓа во Општина Чаир на град Скопје со бојадисување на таблата со името на паркот.

Покрај тоа, еден ден претходно, лицата кои најверојатно припаѓаат на движењето „Црвена Младина“ јавно и самоволно го залепиле името „Парк АСНОМ“ на оригиналното име на објектот „Парк Украина“, објаснувајќи го тоа со „отсуството на спомениците на македонските антифашистички херои кои наводно биле поставени на ова место порано и потребата да се почитува нивниот спомен со исправување на грешката“.

Потсетуваме дека на 07 јуни 2023 година, Амбасадата на Украина во Скопје, заедно со раководството на Општина Чаир и Здружението на Украинци во Северна Македонија, одржаа свечен настан по повод доделувањето на името „Украина“ на споменатиот парк. Доделувањето на името „Украина“ на споменатиот парк се одвиваше според регулирана процедура во Советот на Општина Чаир.

„Ние сме им благодарни на жителите, на администрацијата на Општина Чаир и лично на градоначалникот Висар Ганиу за тоа што тие изразија солидарност и, меѓу другото, го почитуваа споменот на жртвите од воената агресија од големи размери на рф против Украина и на украинските бранители-херои.

Украина го чува споменот за своите херои, кои сега ја бранат нашата независност од државата-терорист рф. Украина, исто така, го почитува споменот на Украинците кои за време на Втората светска војна ја ослободуваа од нацистичките окупатори и Украина и европските земји. Украина тогаш изгуби повеќе од 10 милиони Украинци“, се вели во реакцијата.

Украина го осуди националсоцијалистичкиот (нацистички) тоталитарен режим и го призна како злосторен, како и комунистичкиот тоталитарен режим од 1917-1991 година. Покрај тоа, Кривичниот Кодекс на Украина утврдува одговорност за производство, дистрибуција на комунистички и нацистички симболи, како и пропаганда на комунистичкиот и националсоцијалистичкиот (нацистички) тоталитарни режими.

„Почитувањето од страна на државата на своите херои, оние кои ги дадоа своите животи за независност и самоидентитет, е света должност за потомците“, велат од Амбасадата на Украина.

Во почитувањето на споменот, неопходно е да се почитуваат како универзалните човечки вредности, така и националното законодавство. Во исто време, желбата да се почитува споменот на своите херои не може да се поврзува со уцена и со вршење на вандалски чинови.

Од амбадасата потенцираат дека достоинството е исто така почитување на споменот.

Извор Цивил Медиа


Повеќе на истата тема: 

ЦИВИЛ најостро ги осуди вандализмот и подмолните манипулации на Левица кои ја оштетија таблата на Паркот Украина во Чаир

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Парк „Украина“реакцијаУкраинска амбасада

НАЈНОВО

Мицкоски доби мандат ако сака да ја запали државата, да ја запали

Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

June 7, 2025

Владата отвори телефонски број за директна комуникација со повредените во трагедијата во Кочани

June 7, 2025

Филипче од Прилеп: Кочоска јасно порача дека платите нема да растат

June 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Курбан Бајрам, најзначајниот празник во исламкиот верски календар по Рамазанскиот Бајрам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Паднати дрвја, заглавени возила, сообраќајни пречки и поплавени дел од улиците во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија одигра нерешено против Белгија во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk