ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Битиќи: Решението што е постигнато со општиот колективен договор за јавниот сектор треба да го прифатат сите

July 14, 2023 20:15
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Фатмир Битиќи. Фото: Дехран Муратов

Фатмир Битиќи. Фото: Дехран Муратов

Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за економски прашања  Фатмир Битиќи порача дека решението што е постигнато  со општиот колективен  договор за јавниот сектор треба да го прифатат сите, како и дека може да се направи повеќе но оти за тоа треба да бидат подготвени сите.

Битиќи во гостување на ТВ Канал 5,  вечерва потенцираше дека 18 години не сакала да седне да зборува за општ колективен договор во јавниот сектор и оти сега првпат има системско решение и методологија за нивна пресметка.

-Има еден друг факт, таа Влада која што денеска најверојатно стимулира одредени кругови за да не го прифатат решението со Општиот колективен договор, има направено платите во јавниот сектор да се регулираат преку 200 правни закони или подзаконски акти. Во јавен сектор во која веројатно  што секоја трета  институција има различен начин на дефинирање на плати. Ние стигнавме првпат во историјата на Република Северна Македонија од независноста да имаме системско решение за платите во јавниот сектор, методологија како ќе се пресметуваат и  како ќе растат секоја година почнувајќи од 2025,  почнувајќи од септември 2023, рече Битиќи.

Секој вработен во јавен сектор, дополни тој, ќе знае точно што е очекувањето по однос на платата и кој е максимумот што може да го постигне, дури и помладиот референт кој ќе почне ќе знае која е основата и кај може да стигне како помлад референт,  ако напредува во кариерата кој е максимумот што може да го постигне. Знам дека имаше реакции дека тоа не ги следи и ќе бидат пониски платите отколку во приватниот сектор. Тоа е логиката. Никаде во ниедна земја немате повисоки плати во јавниот сектор од приватниот сектор, рече Битиќи.

Тој се осврна и на барањата на Синдикатот на вработените во обарзованието, науката и културата, за дополнително зголемување на платите покрај договорените 10 проценти и истакна дека вработените кои се членови на СОНК ќе добијат зголемување во септември, но и дека од 2016 година досега 2023, нето платата на наставник  во основно образование  е зголемена за 44 посто, а на професор во средно  образование за 42 посто.

-Еден од факторите од  2016 до 2023, стапката на инфлација збирно секако не надминува 18 проценти. Нивните плати се зголемени 44 посто.  И затоа решението со Општиот колективен договор што го постигнавме  мислам дека сите треба да го прифатиме. Дали може да се направи повеќе, да, но за тоа треба да бидат сите спремни. Јас немам никаков проблем пак да седнеме со синдикатите, но ќе видиме каде бевме во 2016, или кај сме биле во 2000 година да зборуваме за други квалитативни работи. И јас само едно прашање и кон СОНК и кон сите други, затоа што пружената рака за решавање на проблемот за потпишување на Општиот колективен договор исто така не повикува кон сите други граѓани. Во јавниот сектор се околу 130 илјади. Кај се другите вработени во другите сектори и кај се реално сите граѓани коишто  се опслужуваат од овие луѓе коишто работат во јавниот сектор, рече Битиќи.

Tags: Битиќијавен секторплати
Next Post

Украина го поместува православниот Божиќ од 7 јануари на 25 декември

НАЈНОВО

Буџет 2026: Рекордни долгови и мали инвестиции – дали државата оди кон финансиски ризик?

November 17, 2025
Скриншот

Синер по трофејот во Торино: За мене, нема подобар начин да се заврши сезоната

November 17, 2025
Скриншот

Макрон: Се надевам дека мирот во Украина ќе биде постигнат пред 2027

November 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 17 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали е штетно да се пие вода додека јадеш?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kолку е опасно ако пиете кафе на празен стомак наутро?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Британија вози во лева лента, а речиси целиот свет во десна?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk