ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

ЕУ најави 60 милиони евра за промоција на инклузивни и рамноправни општества во Латинска Америка и Карибите

July 14, 2023 10:41
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на Самитот на лидерите на ЕУ и Заедницата на државите од Латинска Америка и Карибите (ЦЕЛАЦ), што ќе се одржи следната недела, Европската Унија најави нова програма вредна 60 милиони евра за намалување на нееднаквоста и промоција на инклузивни и рамноправни општества во латиноамериканските и карипските земји, наречена „Инклузивни општества“.

Најавувајќи ја програмата на Форумот „ЕУ – Латинска Америка и Карибите“ на кој учествуваат претставници на граѓанското општество, младинските организации и локалните власти, еврокомесарката за меѓународни партнерства Јута Урпилаинен истакна дека фокусирањето на луѓето и човечкиот развој е клучно за просперитетот и суштинско за намалување на нееднаквостите што го попречуваат одржливиот развој.

– Партнерството меѓу ЕУ и Латинска Америка и Карибите е прво и основно е наменето за луѓето. Со гордост ја објавувам оваа нова програма на ЕУ, која се стреми да ги подобри животите на нашите граѓани, нивната благосостојба и социјалната кохезија. Програмата ќе обезбеди сеопфатна рамка за развој на иновативни социјални политики и споделување на најдобрите практики и ќе ја унапреди транзицијата кон поправедни, инклузивни и одржливи општества во Латинска Америка и Карибите, рече Урпилаинен.

Шпанскиот министер за надворешни работи, ЕУ и соработка, Хозе Мануел Албарес Буено, чија земја е актуелен претседавач со Унијата, истакна дека цел на оваа програма е решавање на проблемите на, како што ја нараче, „тројната транзиција“.

– Мораме да работиме на подобрување на животот на нашите општества со влијание врз три области – социјалната политика, дигиталната технологија и еколошкта заштита, реле Албарес Буено.

Главна цел на програмата „Инклузивни општества“ е да се намалат нееднаквоста, сиромаштијата и социјалната ексклузивност и да ја подобри социјалната кохезија во земјите од Латинска Америка и Карибите, преку поддршка на иницијативи за трансформација кон инклузивни, правични и еднакви општества.

Предвидено е со програмата да се промовираат образованието и стекнувањето вештини, родовите и социјалните политики, како социјалната заштита и инклузивност, со посебен акцент на жените, младите и најранливите категории граѓани.

За реализација на оваа програма се предвидени 60 милиони евра од буџетот на ЕУ, но Европската комисија и земјите членки планираат и дополнителна иницијатива, што ќе се надоврзе на „Инклузивни општества“ и ќе дејствува како платформа за комбинирање на напорите за зајакнување на социјалната кохезија и справување со нееднаквоста во Латинска Америка и Карибите.

На Самитот ЕУ-ЦЕЛАЦ, што треба да се одржи на 17 и 18 јули во Брисел, се очекува лидерите од Унијата и Латинска Америка и Карибите да се договорат за понатамошно продлабочување на партнерството и да го трасираат патот за соработка во справувањето со предизвиците со кои се соочуваат двата региона.

Tags: ЕУпомошЦЕЛАЦ
Next Post

Креиран прв Национален регистар за подземни води

Shortcut

Најново

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026

СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

November 2, 2026

Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

November 2, 2026
Протести во Италија, 2026

Автентичните граѓански протести во Европа и пропагандата стратегија на Кремљ

November 2, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Злобни напади врз чесната власт

November 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk