Неколку фирми од Македонија и една од Косово кои се блиски до опозициската ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски добиле тендери вредни над една милијарда денари од општините кои се под контрола на опозициската партија, пишува порталот „Инфомакс“.
Над 1.026.300.000 денари за една година биле потрошени од општините на тендери со компании блиски до нивната партија.
Фирмите со кои биле склучувани тендерите биле блиски до највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ.