Украинската армија напредува на јужниот фронт и „систематски го поместува непријателот од неговите позиции“, изјави висок украински генерал.
Генералот Олександер Тарнавски во својата објава на Телеграма напиша дека руските сили загубиле 200 војници за 24 часа, пренесува Ројтерс.
Неговите коментари следеа откако украински воени аналитичари сугерираа дека не е лесно за украинските сили да напредуваат кон југ.
Кијив се фокусираше на заземање села на југоисток кон Азовското Море и области во близина на источниот град Бахмут, кои руските сили ги зазедоа во мај по неколкумесечни интензивни борби.
Г. Т.