ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Мноштвото учи од катастрофите исто толку малку, колку и лабораторискиот глушец од биологијата

July 16, 2023 13:26
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Во секој живот постои еден ден кога се одредува судбината, било кон катастрофа или кон успех.

Во животот на Македонците имало повеќе такви денови.

Темата за уставните промени не е навивачка тема, за сдсм или за вмро, за владата или против владата, таа не е, односно не би требала да биде, повик за емоционални изблици, туку е Ларошфуковска тема која ќе го одреди правецот и квалитетот на нашата судбина.

Многу е важно да се разбере таа диференција.

Како што формирањето на тоа што ќе стане познато како вмро пред речиси 130 години е ден кога сме ја одредиле судбината во правецот на катастрофата или како што е антифашистичката епопеја со АСНОМ и југословенската опција, како денови кога сме се определиле за успех.

И тоа за неверојатен, речиси нестварен успех, една огромна гринфилд инвестиција од која се родила новата нација, убавата држава и модерното општество.

Ренесанса.

Фиренца.

За, на крајот, да ја отвориме транзицијата кон пазарно општество и демократија со битката меѓу катастрофата и успехот, со неизвесен резултат.

Затоа што вмро дојде не да се натпреварува во рамките на идејата за успехот, туку дојде да ја рекомпонира и деконструира Македонија како свој поглед на судбината.

Посматрачите на катастрофите со неправо очекуваат дека погодените од тоа нешто ќе научат. Сѐ дотогаш додека е мноштвото предмет на политиката, тоа не може да види во она што се случува обид, туку само судбина; мноштвото учи од катастрофите исто толку малку колку и лабораторискиот глушец од биологијата.

Македонија и Македонците се една таква брехтовска категорија.

А јас сум еден од посматрачите за кои тој пишува.

Ние сме во секој случај поблиску до лабораториските глувци, отколку до мноштвото на рационални суштества на безбедна дистанца од политиката.

Катастрофата што денеска ѝ се заканува на Македонија како држава и на македонската нација како нејзина вертикала, е последен обид на организацијата која целата транзиција и речиси една половина од минатиот век го помина во нижењето на тој ѓердан од катастрофични бисери врз вратот на луѓето во Македонија. Во својата крвава, но сепак манекенска револуција на конгресни ебиветри, учители, револуционерни шминкери и умисленици без мисла.

Или со една мисла за Македонија која дури и во нејзината бугарска структура успеаја темелно да ја театрализираат односно деформираат.

Јас не ја критикувам структурата, односно нивното бугарство, тоа била природна состојба на духот, но ја критикувам интенцијата да градат мит за себе и особено, лагата за себе и за својата борба што врз основа на едно име успеаја да им го подметнат на народот кој во меѓувреме ќе израсне во нација.

И, вртејќи го тркалцето на историјата и на заборавот на катастрофите, како лабораториски глушец од брехтовски тип, ќе дозволи демократската платформа и своите историски дострели од времето на социјализмот, да станат основа за обнова на злото и на неговите амбиции да ја врати Македонија таму кај што била пред да се роди: во утробата на мајка Бугарија.

Историски, културолошки, а можеби и во некаков државен формат.

Во секој случај, десубјективизирана за да биде надвор од Европа односно да биде надвор од Европа за да може да биде десубјективизирана.

Сетете се: Македонија е создадена и развиена до нивото на успешна држава и нација во времето кога вмро не постоеше односно беше во илегала.

Некаде по предградијата на Мелбурн и Њу Џерси.

И обратно: дезинтеграциите и смртоносните тенденции почнуваат тогаш кога демократијата  им овозможи да се вратат на политичката сцена.

Да се вратиме на темата за уставните промени. Знам дека ќе звучи како теорија на заговорот, но проблемот е во тоа што големи парчиња од нашата стварност се навистина аспекти на еден таков заговор.

Темата за Бугарите во Уставот е измислена за да може да пропадне со помош на вмро-дпмне.

Кое на таа тема ќе го билда својот патриотски рејтинг, а државата ќе ја исклучи од европските текови и геополитички констелации кои и гарантираа успех.

Бугарија ги задоволува своите историски оправдани, но современо глупантропски претензии, не со влегување на Бугарите во Уставот, туку си нивната блокада, а вмро-дпмне добива поени на темата за одбрана на националните интереси со дејствија кои се номинално антибугарски, но во суштината се побугарски од Исарот и Витоша.

Но, општо земено, нов глупантропски обид, пострашно нурнување кон потонатиот „Титаник“ од „Титан“.

Нова катастрофа и за Бугарија и за Македонија.

Веројатно и за вмро.

Односно на новото издание на историските катастрофи кои Македонците ги забораваат побрзо отколку што лабораториски глувци ги забораваат последиците од биолошките експерименти.

Европските тројки не доаѓаат во Македонија за да им ги донесат на Македонците рецептите за успех, туку за да обезбедат квалитетна констелација на геополитичката конфигурација.

Дали е тоа јасно?

Македонците можат да ги заебат само ако решат да се убијат.

Кон што ги мами вмро (идентитетот, достоинството, блаблабла) и Бугарија која не попушта и упорно се стреми кон една нова Брегалница.

Се разбира, вина има и Унијата со своите конститутивни и политичкопрограмски слабости (единство во одлучувањето), но мислата дека на таа тема можеме да демонстрираме морална супериорност, е особено глупава. Прво затоа што тука нема ниту еден морално беспрекорен субјект, а второ затоа што реалитетот на политиката и на животот бара прилагодување.

Како алтернатива на умирањето.

Кој гледа со недоверба, тој гледа гасеници и во киселата зелка.

Рекол Вилхелм Буш.

Но, Македонците повеќе ми личат на деца на Рахим Баба кој рекол: Ако ни е судено да пропаднеме, нека да загинеме, душо, а после ќе размислуваме за пеколот и рајот.

Хахаха!

Така ли е или не е така?

После ќе размислуваме!!!

Луѓе, што мислите дека Македонија треба да се уништи, дека не заслужува да постои, дека треба да ѝ се тури кур во газот, вас ве прашувам!

Судбината ги меша картите, а ние играме.

Како Шандор Петефи: Мене судбината секогаш ми дава лажица кога немам супа и обратно.

Тој патетичен восклик го слушаме секој ден.

Јас мислам би можеле да играме карти како мртвите од Блињи на Малапарте.

Макар што не ме издава надежта дека ќе се разбудиме.

Се жалев дека немам обувки. Минувајќи пред вратата на џамијата во Дамаск, здогледав човек без нозе. Престанав да се жалам и да и викам на судбината

Мушараф-ед-Дин СААДИ.

Ова може да звучи патетично и дефанзивно, на некој начин и да има ропска димензија, но јас мислам дека поентата во мислата е во тоа да го цениш она што го имаш.

Не се заебавајте со уставните промени, не се занесувајте, ние сме вселенски комарци, мерете ги вашите ресурси, напрајте сметка колку гнуови мораат да паднат жртви при преминот на реката полна со крокодили…

И тоа е тоа.

Ако не сакате да ја минете реката, целото стадо гнуови ќе умре.

Освен Тричковски кој е гну вакциниран од крокодили.

Имам ли причини да почнам да навивам против уставните промени?

Се интересираат луѓе кои доаѓаат во мојата ординација.

Имате, им велам.

Спречувањето на уставните промени сигурно ќе ве спаси од вообичаената страст на Македонија да ги тероризира Македонците, а и граѓаните од другите нации, со своите идентитетски проблеми.

Ќе ве спаси од Македонија.

Малку мачно и тажно, но вашите проблеми ќе исчезнат.

Во таа смисла, ако Македонија ја замислиме како кучка, уставните промени би биле отров за глувци подметнат во добро парче месо од идентитетска крава или вол.

Во месо за јакнење на достоинството.

Но, не, сепак, сѐ ќе испадне на добро.

Но не како небески дар.

Туку како резултат на победата на нормалните и пристојните, на културните и модерните, на европските Македонки и Македонци, Акбанки и Албанци, Влаинки и Власи, Бошњакињи и Бошњаци, Ромки и Роми, Србинки и Срби…


Специјално за Првата линија. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.
Next Post
Министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на „Остави трага“

Костадиновска-Стојчевска на „Остави трага“: Не го добивам истиот третман што го добиваат моите мажи колеги

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk