ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Плусови и минуси за самитот на НАТО во Вилнус: Историски одлуки, единство, решителност и дипломатско искричење

July 17, 2023 14:25
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СВЕТ, ФРОНТ
НАТО самит, Вилнус, 2023

НАТО самит, Вилнус, 2023

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА / ЦИВИЛ МЕДИА

Сите плусови и минуси во овој текст се теми заслужуваат и посебни, уште подлабоки и фокусирани анализи. Ова се само кратки поенти (takeaways) од самитот на НАТО во Вилнус кој генсекот на НАТО, Јенс Столтенберг, амбициозно го оцени дека станал историски, пред и да почне.

Плус (1): Долгорочна поддршка за Украина

НАТО го потврди единството и цврстината на одлуката да се поддржи Украина во борбата за ослободување од руските агресори. За разлика од порано, овој самит ги постави темелите за долгорочни проекти за финансиска, воена и техничка помош на Украина. И тоа – на најмалку десет години, како што дознавме и од интервјуто со Петровска.

Поддршката на Украина подразбира и финансиска и друга помош за реконструкција на земјата од разурнувањата на руските агресори.

Плус (2): Украина ќе биде НАТО членка.

Едно е секако јасно:

Украина ќе биде НАТО членка.

НАТО членките ја потврдија својата отвореност за зачленување на Украина во Алијансата. Одлуката за тоа дали некоја земја ќе стане членка на НАТО зависи единствено од нацијата и нејзините лидери, а не од волјата на некоја друга моќна држава. Во случајот со Украина, одлуката зависи од Кијив, а не од Москва.

Сепак, има многу „ако“ во целата сторија, особено затоа што во тек е брутална агресија од држава што поседува огромен арсенал од нуклеарно оружје. Или, со зборовите на македонската министерка за одбрана, Петровска – „Украина ќе стане членка на НАТО, но приоритет е нејзината победа.“

Плус (3): Историски самит – Шведска, преку уставни измени, до членство во НАТО

Шведска направи уставни измени за да ја убеди Турција да ја крене рампата за нејзиното зачленување во Алијансата. ВМРО-ДПМНЕ не беше во можност да ги блокира уставните измени во шведскиот парламент, бидејќи беше Мицкоски беше зафатен со обновениот конфликт со Данела, што резултира со гушење на главниот град на Северна Македонија во ѓубре. Буквално.

А сега, сериозно:

Позициите на Турција

Турција го блокираше шведското зачленување во НАТО под образложение дека официјален Стокхолм не прави доволно за да го спречи терористичкото здружување на Работничката партија на Курдистан (ПКК). ПКК е прогласена за терористичка група во Турција, Шведска, САД и Европа.

Според Турција, Финска и особено Шведска, им пружаат засолниште на милитанти од забранетата ПКК, чиј оружен бунт трае од 1984 година. Затоа, официјална Анкара побара од Стокхолм и Хелсинки да заземат поостри позиции против ПКК и други групи која ја обвинува за обидот за пуч во 2016 година.

Тензиите меѓу Шведска и Турција дополнително се зголемија и поради протестите во Стокхолм, во јануари, каде што демонстрантите го запалија Куранот и газеа врз ликот на Ердоган. Анкара препозна злосторства од омраза. Шведска се правдаше дека тоа е слобода на говорот. Турција одговори со уште порешителна блокада на шведското зачленување во НАТО.

Одговорот на Финска и Шведска

На самитот на НАТО во Мадрид, 2022, Финска и Шведска ветија дека ќе вложат повеќе напори во борбата против тероризмот и дека ќе бидат поотворени во поглед на екстрадицијата и депортацијата на осомничените милитанти. Турција подоцна ја деблокира Финска, но не беше задоволна од Шведска и, по уставните измени во земјата, непосредно пред почетокот на самитот во Вилнус, даде зелено светло.

Шведскиот парламент усвои уставни измени според кои се овозможува воведување нови закони за „ограничување на слободата на здружување кога станува збор за здруженија кои се занимаваат со или поддржуваат тероризам“. Тоа ќе овозможи „поширока криминализација на учеството во терористичка организација или забрана за терористичка организација“. Со новата легислатива, ќе се олесни кривичното гонење на членовите на Работничката партија на Курдистан (ПКК), која се наоѓа на црната листа на Анкара, но и на повеќето нејзини западни сојузници.

Според генсекот на НАТО, Столтенберг, надминувањето на турско-шведскиот спор го направи овој самит историски, пред и да започне.

Минус (1): Нетактичен твит и нервозна реакција

Украинскиот претседател Зеленски, во твит што го објави на патот кон Вилнус, го нарече апсурд фактот што во нацрт коминикето од самитот на НАТО не е вклучена покана за зачленување на Украина во НАТО.

Твитот предизвика нервозна реакција од делегациите на самитот, па дури и, за момент, пораки за преиспитување на политиките кон Украина.

И додека изборот на зборот апсурдно во твитот е веројатно несреќно избран, се чини дека реакцијата беше премногу бурна, како онаа на западните медиуми, така и на високите делегации на НАТО самитот.

Веројатно, сите можеа да бидат помалку нервозни и да покажат повеќе такт, се разбира, почнувајќи од самиот Зеленски. Ако ништо друго, тогаш заради сериозноста на конфликтот и единството на демократскиот Запад, повеќе од потребно е да се има разбирање, солидарност, но и такт во овие времиња. Особено затоа што единството секако е веќе декларирано и се практикува.

Во секој случај, останува предупредувањето кое го имплицира и Зеленски во својот твит, како и изјавите на неколку високи претставници на Украина, дека Западот не треба да калкулира со членството на Украина во НАТО како адут за евентуални преговори со Русија. На самиот почеток беше дадено ветувањето дека одлуките што ќе се носат за судбината на Украина нема да се носат без Украина на масата.

Западот мора да ја напушти навиката на светот да гледа (и) низ призмата на Москва. Бидејќи тоа Москва го доживува како покана да сее уште повеќе терор, во Украина, дома и низ светот.
Некои анализи во светските медиуми го сметаат овој твит/дипломатски инцидент како причина да го прогласат целиот самит за дипломатска хаварија. Тоа, секако, е незаслужено остра оценка.

Минус (2): „Пукнатини“ во единството

Иако генералната оценка на самитот е дека е чекор напред во градењето единство на НАТО, несогласувањата беа очигледни.

Нордиските и дел од западноевропските членки ја поддржаа идејата за појасна патека и поцврсти гаранции за зачленувањето на Украина во НАТО, иако нејзината иднина во евроатлантското семејство уште еднаш беше јасно потврдена. САД и Германија, како и други членки беа против тоа. И двете страни имаа добри аргументи.

Заклучоците се такви какви што се. Исходот за Украина не е изненадувачки, но засега останува единствениот остварлив резултат, со оглед на длабоките разлики меѓу сојузниците.

Остана впечатокот дека самитот во Вилнус е, на некој начин, мост кон самитот што ќе се одржи во Вашингтон, идната година. Патем, тоа е изборна година во САД.

Тие „пукнатини“ во единството може да бидат сигнал за Путин да ја продолжува војната до недоглед.

НАТО, решителен и активен чинител на одбраната во светот

Самитот во Вилнус опфати и низа други теми од суштинско значење за НАТО, меѓу кои и растот на буџетите за одбрана на секоја од земјите членки (најмалку 2% од БДП), климатските промени, „дигитализацијата“ на војувањето, енергетиката, новите перспективи на воената соработка со земјите од Азија и низа други. Навистина, најмалку што може да се каже за овој самит е дека претставува своевидна пресвртница.

Не треба да се отфрли ни историската димензија која ја потенцира генсекот Столтенберг. Таа димензија може да се препознае, меѓу другото, и според новата решителност на НАТО, од бирократска машинерија, да стане активен чинител на одбраната во светот, алијанса со амбиции уште повеќе да расте и развива.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. Извор: ЦИВИЛ МЕДИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВилнусНАТОодбранаРуска агресијаУкраина

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

„Си-Ен-Ен“: Трамп иницирал набавка на претседателски авион од Катар, и покрај тврдењата дека тоа е „подарок“

May 20, 2025

ЕУ одлучи да ги укине економските санкции за Сирија

May 20, 2025
Фото: МИА

Законски регулирана дополнителната и сезонската работа во државата

May 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Матурант пронајден починат кај Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ воведува нов систем на гранциите – ќе важи и за македонските граѓани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Патриотизам е да ѝ даваш на државата мир и соживот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk