Концесиите за рудникот Иловица се дадени во 2012 и 2013 година од страна на Влада на ДПМНЕ и Никола Груевски, на кого Христијан Мицкоски му беше советник. Одлуката е донесена на 16 јуни 2012 година, потпишана од соработникот на Мицкоски, Зоран Ставревски и објавена во Службен весник истиот месец 2012 година, соопштија од СДСМ утрово.
„И општините во тоа време раководени од градоначалници од ДПМНЕ, Општина Босилово и Општина Ново Село носат одлуки за отворање на рудник.
Денеска кога Мицкоски зборува нешто различно, прво лаже, а второ тоа е врв на лицемерие.
Заради тие одлуки на ДПМНЕ државата е сега ставена во судски лавиринти со години.
СДСМ од прв ден бил против тие рудници. Кога лично шефот на Мицкоски, Никола Груевски во 2016 година најавуваше отворање на 10 рудници во југоисточниот регион, СДСМ беше против.
Вистината е како шило.
СДСМ и денес е против отворање на рудници кои што не ги сакаат граѓаните во нивните места.“, порачаа оттаму.