ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА СТРАНА

Иванов: Да се усогласи дигитализацијата со заштитата на животната средина

July 19, 2023 12:25
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА СТРАНА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонија има огромен потенцијал за дигитална трансформација во земјоделството и шумарството, градежништвото и менаџирањето на отпадот со можности за вложување сериозни средства од јавниот и приватниот сектор. Од друга страна, трендот на дигитална трансформација е многу актуелна тема поради зголемување на потрошувачката на електрична енергија (од 5-9% во вкупната потрошувачка на енергија во наредниот период). Затоа, потребно е самиот дигитален сектор, иако нуди „зелени” решенија, да стане „зелен”, а двата паралелни процеси на дигитализација и заштита на животната средина да се усогласат, следејќи го примерот на Европската Унија. На тој начин може да се искористи придобивката од „зелената дигитализација” за натамошен развој на државата.

Ова се дел од заклучоците во Извештајот за подготвеноста на секторите за дигитална трансформација и можниот јаглероден отпечаток (целиот извештај може да се најде на следниот линк: https://gogreenbalkanmed.eu/deliverables/summary-report-readiness-of-the-sector-for-digital-transformation/), подготвени од Бирото за регионален развој во рамки на проектот „Компјутерската моќ станува зелена”, финансиран од ЕУ.

Државата активно учествува во целите на Обединетите нации за одржлив развој, кој може да биде загрозен со економски раст базиран на зголемена потрошувачка и нерационално користење на природните ресурси и енергијата, влијаејќи негативно на животната средина и климатските промени. Одговорите на овие предизвици се зелената економија и дигитализацијата преку креирање технологии, инвестиции и работни места. Меѓутоа, дигиталниот сектор за да ги постигне неговите климатски и економски цели, мора да придонесе за одржливиот развој во сите аспекти: циркуларната економија, климатската неутралност и потрошувачката на енергија.

Според Ристо Иванов, консултант и автор на извештајот, по актуелизирање на ова прашање, потребно е „зелената дигитализација” да се води, насочува и следи на ниво на националната економија, создавајќи алатки за мониторирање кои ќе бидат прифатени и реализирани од приватни и јавни институции.

„Една од алатките за мониторирање е барометарот за зелена дигитализација кој овозможува да се следи степенот на усогласување на овие процеси. Индикаторите за следење се однесуваат на свесноста за потребата од „зелена дигитализација”, изградената законска рамка, стандарди и барања за еко-дизајнот на дигиталните технологии и системот на менаџирање, кој ја одредуваат потребата за инвестирање во зелената дигитализација. Почетните чекори се постоење на соодветна законска регулатива со стандарди за дигитализација, ограничување на потрошувачката на енергија на ИТ инфраструктура и опрема, како и начинот на работење на големите центри за чување податоци. Едноставно, потребна е поголема мотивација на целото општество за усогласување и прифаќање на овој процес на зелена дигитализација, со цел дигиталниот сектор да придонесува за одржлив економски раст”, вели Иванов.

Минималните мерки за управување со зелената дигитализација, според Иванов, се однесуваат на дефинирање на задолжителното користење на обновливи извори на енергија, степенот на реупотреба на користената енергија во однос на вкупната потрошувачка на енергија на ИКТ инфраструктурата и/или центрите за податоци. Исто така, во однос на енергетски ефикасната инфраструктура на ИКТ потребно е да се намали потрошувачката на електрична енергија по серверска соба од над 500 вати/ч на 200 вати/ч, како и следење и мерење на еквивалент на CO2, што произлегува од потрошувачката на енергија во објектот”, додава Иванов.

Процесите на дигитализација и зелена трансформација се поврзани со исполнување на целите за одржлив развој на Обединетите нации, особено оние за земјоделството и производството на храна, обезбедувањето чиста вода за сите, енергетските предизвици, индустријата и социјалната благосостојба и истражувањата за климата.

Tags: дигитализацијазаштитата на животна срединаИванов
Next Post

Ќе ги „спасат“ граѓаните и од постапките за извршување кои се во тек, само ВМРО-ДПМНЕ и Левица не гласаа за законските измени за казнена камата

Shortcut

Најново

ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

October 25, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk