ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

МФ: Обезбедени 100 милиони евра од ЕБОР за поддршка за справување со енергетската криза

July 19, 2023 13:19
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на РС Македонија обезбеди 100 милиони евра поволни средства за поддршка на ЕСМ што е дел од активностите што се преземаат за справување со енергетската криза. Законското решение за да може овие средства да станат достапни на АД ЕСМ од Европската банка за обнова и развој беше поддржано вчера од страна на Собранието.

Донесувањето на Законот за гаранција на РС Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за поддршка на ликвидноста на АД ЕСМ – Скопје е предуслов за потпишување на Договорот за заем помеѓу ЕБОР и АД ЕСМ. Со договорот се обезбедуваат 100 милиони евра за поддршка на ликвидноста на АД ЕСМ.

Станува збор за обезбедување поволни средства за поддршка на ликвидноста на АД ЕСМ во период на енергетска криза, а со цел натамошно стабилно и сигурно снабдување со електрична енергија на граѓаните и компаниите. Рокот на отплата на средствата е пет години со грејс период од 6 месеци и варијабилна каматна стапка што се состои од шестмесечен Еурибор зголемен за маргина од 1%.

Ова е продолжение на мерките што Владата ги донесе за справување со енергетската криза и финансиската подршка од буџетот за да се обезбеди субвенционирана цена за домаќинствата и редовно снабдување со електрична енергија. Овие исклучително поволни средства ќе бидат дополнителна поддршка на тие активности. Владата досега донесе два пакета антикризни мерки во вредност од над 760 милиони евра, а за годинава во Буџетот се обезбедени 225 милиони евра.

Корисник на средствата ќе биде АД ЕСМ – Скопје и сите обврски по заемот ќе ги сервисира компанијата. Државата издава само гаранција. По донесување на Законот ќе следат потпишувње на Договор за гаранција помеѓу РС Македонија и ЕБОР и договор за заем помеѓу АД ЕСМ и ЕБОР и договор за регулирање на меѓусебните права и обврски меѓу МФ и АД ЕСМ.

Tags: кризаМФструја
Next Post

Пријавувањето на говорот на омраза треба да биде општествена и лична одговорност, а одговорот на институциите неопходност

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk