ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска ‒ Вујчиќ: Високото ниво на усогласеност на Народната банка со практиките на ЕУ, значаен придонес во евроинтеграцискиот процес

July 20, 2023 12:18
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Централните банки во процесот на пристапување кон Европската Унија имаат значајна улога во обезбедувањето усогласеност во подрачјата во нивна надлежност, пред сѐ овозможувањето на монетарната и финансиската стабилност. Ова беше истакнато на средбата одржана во Народната банка меѓу гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска, и гувернерот на Хрватската народна банка, Борис Вујчиќ. На средбата, гувернерот Вујчиќ ја изрази натамошната подготвеност за споделување на хрватските искуства од евроинтеграцискиот процес со Народната банка којашто и сега, според оцените на европските институции, има високо ниво на усогласеност во подрачјата на нејзина надлежност, особено во доменот на банкарскиот систем, како основа за ефикасно распределување на финансиските средства во економијата. Ова во 2021 година го потврди Европската комисија со донесената одлука со која утврди дека нашата држава има воспоставено супервизорска и регулативна рамка за основањето и работењето на банките во согласност со стандардите пропишани во Европската Унија. Неодамна, и Комитетот на експерти на Советот на Европа за спречување перење пари и финансирање тероризам („Манивал”) оцени дека системот за лиценцирање и супервизија на Народната банка ги исполнува меѓународните стандарди за борба против перењето пари и финансирањето на тероризмот.

Хрватските искуства во претпристапниот процес кон Европската Унија како патоказ за процесот на пристапување кон ЕУ, но и за исполнување на надлежностите потоа, се од големо значење за натамошно трасирање на работењето на нашата централна банка. Оттука, Народната банка дава особен придонес, активно учествувајќи во ресорските процеси и национални стратегиски документи за интеграција во ЕУ, преку преземање активности во однос на усогласувањето на своето работење со европските стандарди, во рамките на подрачјата коишто ги покрива.

На средбата стана збор и за стабилизирањето на инфлацијата и за нејзиното сведување на историски ниските стапки. Овој приоритет во работењето на централните банки како предуслов за предвидливо и стабилно окружување ќе придонесе за економски раст, отворање нови работни места и развој. Во однос на оваа тема, на средбата беше заклучено дека и покрај веќе видливото забавување на инфлацијата, стапките сѐ уште се високи и наметнуваат водење внимателни макроекономски политики. Во светски рамки, за справувањето со оваа инфлациска епизода, сведочиме на едно од најсинхронизираните затегнувања на монетарната политика во изминатиот половина век, при што реакцијата на централните банки беше двојно посилна во однос на историскиот просек, што придонесе за забавување на вкупната инфлација. Неодамна, Меѓународниот монетарен фонд во оцената од мисијата којашто ја посети нашата земја, нагласи дека како резултат на соодветната монетарна политика веќе се согледува забавување на стапката на инфлацијата и кај нас. Идните инфлациски движења во економиите во регионот, како мали и отворени, ќе бидат условени од трајноста и големината на надворешните шокови, пред сѐ движењата на пазарите на примарните производи, структурните карактеристики и преземените структурни реформи за ублажување на ранливоста, но и од исклучителна важност за натамошно одржливо намалување на стапката на инфлација ќе биде водењето претпазливи макроекономски политики.

Средбата меѓу двајцата гувернери е во знакот на традиционално добрата соработка на централните банки, којашто се заснова на размена на искуства за прашањата поврзани со справувањето со предизвиците за монетарната и финансиската стабилност.

Tags: Ангеловска-БежоскаВујчиќНБ
Next Post

ТАВ Македонија со раст на патници во првата половина од 2023-та

Shortcut

Најново

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026
Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

July 19, 2026

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драган Тилев за „Фронтлајн“: Европските реформи мора да продолжат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk