„Концесиите за рудникот Иловица се дадени во 2012 и 2013 година од страна на Влада предводена од ДПМНЕ, Никола Груевски и тогашниот негов соработник Христијан Мицкоски и затоа тој треба да престане да ја замајува јавноста со своето лицемерие“, велат во својата реакција од СДСМ.
„Одлуката е донесена на 16 јуни 2012 година и истата е потпишана од неговиот близок соработник Зоран Ставревски и објавена во службен весник 2012 година.
Јавноста знае дека покрај оваа, ДПМНЕ додели и концесии и за други 85 рудници низ државата.
Не заборава јавноста дека тогашните градоначалници од редовите на ДПМНЕ, градоначалниците на општините Босилово и Ново Село исто така носат одлука за отварање на овој рудник.
Ветувањето за рудници и концесиите беа и едно од главните ветувања на ДПМНЕ и Груевски на парламентарните избори во 2016 година и заради таквите лоши и популистички одлуки на ДПМНЕ, државата е сега ставена во судски лавиринти со години.
СДСМ од прв ден бил против тие рудници и секогаш е против одлуки што граѓаните не ги прифаќаат, во овој случај се работи за отворање на рудници на места каде што тие не ги сакаат“, се додава во реакцијата.