ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ако не се изгласаат уставните измени, земјата ќе се соочи со политички и економски последици!

July 26, 2023 11:57
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Уставните измени, поточно вклучувањето на Бугарите во Уставот, како што е веќе познато, гарантираат продолжување на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија, процес за кој се проценува дека ќе обезбеди европска иднина на земјата.

Од отворањето на преговорите и почетокот на скрининг-процесот на политичката сцена се водат дебати за вклучување на Бугарите во Уставот.

Откако во Парламентот официјално беше почнат процесот на уставни измени, дискусијата што се води во јавноста, меѓу граѓаните, по маала и локали е дали опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за нив за да може Северна Македонија да оди без пречки на патот кон Европската унија.

Граѓаните меѓу себе разговараат и за опцијата за неодобрување на уставните измени. Тие се грижат за својата иднина, изолацијата на земјата и економскиот спокој.

Од друга страна, експертите велат дека опозицијата треба да се одрази и да гласа за уставните измени за земјата да не се соочи со сериозни политички и економски последици.

Нано Ружин
Нано Ружин

Нано Ружин – универзитетски професор и поранешен амбасадор на Македонија во НАТО за Фронтлјан вели дека тешко е да се предвиди ова што сите луѓе во нашата држава очекуваат да се направи, но тоа е волјата на опозицијата.

„Првите индикатори зборуват дека опозицијата нема намера да попушта и да го смени мислењето, независно што голем број европски политичари функсионери, па дури и САД се обидуа да влијаат врз расположението на водечаката опозициона партија за да го смени мислењето. Од денешен аспект следеќија собраниската расправа би било изненадувачки доклку се случи некој обрт, и доколку прифатат да гласат за дополнување на Уставот, но не знам со каков аргумент такавата канонада и вовед би го објасниле. За жал тешко е да се предвиди ова што сите граѓани во нашата држава очекуват да се направи, но тоа е волјата на опозицијата“, вели Ружин.

Според него, опозицијата очекува избори, и после избори да се направи нешто, но кој гарантира дека во случај на победа на едните или на другите, едната страна пак нема да го кочи процесот.

Абдулменаф Беџети
Абдулменаф Беџети

Експертот за економски прашања, академик Абдилменаф Беџети, во изјава за Фронтлајн вели дека доколку не успее процесот на уставни измени, а со тоа и патувањето на Северна Македонија кон ЕУ, тогаш земјата ќе се соочи не само со политички, туку и со економски последици.

„Во директна форма преку екосистемот непогоден за раст не само на странски, туку и на локални инвестиции. Дополнително на ова ќе се интензивира бегството на младите луѓе, главно оние кои се способни да работат во квалитетни проекти кои толку и се потребни на земјата. На ова се додава и сè помалата апсорпција на фондовите на ЕУ. Индиректните форми се уште поштетни на долг рок – особено стагнацијата во структурните реформи (правда, јавна администрација, безбедност на имотот, намалување на корупцијата,… дури и неформалната економија) се многу сериозен удар за економијата на земјата. Полека но сигурно земјата ќе биде изолирана во оаза на пензионери и стари лица кои нема да имаат можност ниту да работат, ниту да преживеат“, објаснува Беџети.

Од владеачката СДСМ велат дека уставните измени ќе го отворат патот за членство во ЕУ.

„Европската Унија е убедливо најголемиот донатор во Западен Балкан, како и во нашата држава. Само преку ИПА програмата, досега, во земјава, за модернизација на инфраструктурата и развој се вложени околу една милијарда евра неповратни средства. ИПА 3 програмата е веќе започната и проектираните средства за 2021, 2022 и 2023 година се во вкупен износ од околу 243 милиони евра. Преку ИПАРД 2 програмата имавме на располагање 60 милиони евра, коишто поради најголемата искористеност од 98 проценти, во ИПАРД 3 програмата се зголемени на нови, неповратни 97 милиони евра за модернизација на македонското земјоделство. Поради функционалното партнерство со ЕУ што го имаме, Европската комисија одобри и 100 милиони евра макрофинансиска помош за Северна Македонија, откако претходно добивме 160 милиони евра за ублажувањето на економските последици од пандемијата, како и грант од 80 милиони евра за справување со енергетската криза“, велат од СДСМ.

Од таму додаваат дека оваа поддршка ќе продолжи, со многу повеќе средства, преку нови програми и фондови, кога ќе станеме членка на Европската Унија.

„Затоа е важно сите пратеници да дадат поддршка на уставните измени по што ќе се отворат првите поглавја и процесот на преговори сериозно ќе се забрза, со цел да ја реализираме стратешката цел – членство во ЕУ до 2023 година,“ нагласуват од владејачката СДСМ.

Артан Груби

Првиот вицепремиер Артан Груби изјавил дека нема да има предвремени парламентарни избори, и додадел дека „ако не се изгласаат уставните измени, проевропскиот сон за Северна Македонија ќе биде уништен“.

Тој деновиве во телевизиско гостување изрази оптимизам дека уставните измени можно е да се гласаат, бидејќи, како што нагласи, „и во ВМРО-ДПМНЕ има пратеници со проевропско убедување кои сакаат подобра иднина за државата“.

Груби истакна дека ДУИ останува на својот став до крај, дека доколку опозициската ВМРО-ДПМНЕ и понатаму инсистира да гласа за уставни измени со ДУИ во опозиција, ова е прифатен предизвик за оваа политичка партија, бидејќи, како што рече, ДУИ ги турка напред интеграциските процеси на земјата и воопшто не станува пречка.

Битката за уставни измени само што започна и се очекува жестока расправа до гласањето за предлогот за вклучување на Бугарите во Уставот.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани: Полицијата и Обвинителството ни должат одговор, неселективна правда мора да има

June 7, 2025

МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

June 7, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Коко Гоф го освои Ролан Гарос за прв пат во кариерата

June 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово: Почина 19-годишна девојка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk