ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ИЗБОР) Албански медиуми: Линч кон новите полицајци Срби на северот на косово; фалсификувани електронски пораки во име на Косовската полиција; пожарите во Албанија исфрлија воена муниција на улиците

July 27, 2023 13:03
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Новите полицајци, припадници на српската заедница на Косово, на денот на почетокот на својата работа на терен, беа линчувани на социјалните мрежи од страна на други Срби, кои ги нарекоа предавници, пишуваат косовските медиуми. Во Албанија, пожарите исфрлија на површина воена муниција…

Ова се само дел редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

КОСОВО

Дукаѓини: Новите српски полицајци кои  почнаа со работа на северот на Косово, линчувани на социјалните мрежи

“Меѓу многуте питомци регрутирани во косовската полиција, неодамна се приклучија и многу припадници на српската заедница. Од  над 400 млади кадети, 45 од нив припаѓаат и на српската заедница, од кои голем број од нив обуката ја вршат во северните области на Косово.

Но, младите српски функционери кои неодамна стапија во косовската полиција, покрај секојдневната работа, се соочуваат  и со линч на социјалните мрежи од страна на други Срби, кои  објавија нивни фотографии на социјалните мрежи, обвинувајќи ги за предавство.

Според заменик директорот на полицијата во Северна Митровица, ова не е прв пат да се соочат со вакви случаи.“, пренесува Дукаѓини.

Газета Експрес: Полицијата објавува документи и формат на лажни е-пошта кои се шират со нивните логоа и имиња на високи функционери

Косовската полиција излезе со уште едно појаснување во врска со оптек на фалсификувани електронски пораки, кои наводно, припаѓаат на косовската полиција, а се издадени од високи функционери.

“Дистрибуцијата на овие мејлови, за кои се верува дека се официјални електронски пораки издадени во име на високи функционери на КП, вклучително и документ кој го содржи логото на КП, владиното лого, разни печати и натпис на ЕУРОПОЛ, наводно се издадени со цел известувајќи ја странката одредена за судска наредба,  не се официјални документи на косовската полиција, а уште помалку издадени од високи функционери во КП, туку се фалсификувани електронски пораки и документи за употреба со одредени цели.“, се вели меѓу другото во соопштение од Косовската полиција, пренесе Газета експрес.

Клан Косова: Криза на северот, висока делегација од САД ќе го посети Косово

Висока делегација од Соединетите Американски Држави за неколку дена ќе престојува во Приштина на 30 и 31 јули.

Како причина за оваа посета се наведува состојбата на северот од земјата во последните месеци, пренесува Клан Косова.

АЛБАНИЈА

Репортери: Откриена мрежата на измамници на Кол центарот, на италијански државјани им е причинета отштета од 4,7 милиони евра

„Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција утрово одржа прес-конференција на која заедно со своите италијански колеги најавија разбивање на структурирана криминална група која се занимава со онлајн измами на италијански државјани.

Од СПАК соопштуваат дека како резултат на акцијата се распишани вкупно 14 потерници. Во меѓувреме, треба да се напомене дека истрагата која ја откри измамата е резултат на 140 пријави направени во Италија од страна на повредените лица.“, пренесува  Репортери.

Ора Њуз: Пожарот во Пештан исфрли на површина воената муниција, ризик од експлозии

„Пожарот во месноста Пештани исфрли воена муниција на улиците. Во близина на патот Фиер-Цакран, пожарникарите успеале да пронајдат кутија полна со чаури, кои се користат за автомати калашников.

Не се знае на кој период му припаѓаат, но се смета дека биле скриени на овој простор од нередите во 1997 година. Експлозија на чаури се слушнала и претходниот ден, а поголемо количество од пламенот излегло и на улица.“, пренесе Ора Њуз.

КОЛУМНА

Коха: Трите диспропорции  на Албанија

„За потребите на оваа статија избрав три диспропорции, за кои сметам дека многу кажуваат за денешна Албанија. Албанија денес има несразмерно повеќе канти со вода од која било друга земја што ја познавам во Европа, неформални пари и потреба од политичка опозиција.

Сите три се некако меѓусебно поврзани и создаваат важен момент за политичката култура на земјата.“, пишува Ветон Сурои во колумната „Трите диспропорции на Албанија“, објавена во Коха.

Д. Тахири / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Албански медиумиизборрегион

НАЈНОВО

Град без визија: Зошто Скопје не смее да падне во рацете на лажен ПР

July 8, 2025

Зошто се извини Мицкоски?

July 8, 2025

Изложба „Beauty spot III“ на Иван Аџиевски

July 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Што содржи Предлог-извештајот на Вајц за земјава за кој денеска ќе дебатираат членовите на ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензии со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Град Скопје алармира: Рекордна потрошувачка на вода, масовни диви приклучоци и напад врз советничка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тесна трка и стратешка соработка: Локалните избори како тест на коалициски односи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk