ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Иницијатива 8 треба да прерасне во ново партнерство кое ќе понуди стратешки подлабока и позначајна соработка со ЕУ

July 27, 2023 14:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денешниот прв министерски состанок го означува почетокот на Иницијативата 8, која, покрај транспортна и енергетска поврзаност долж Коридорот 8, ќе послужи и како политичка платформа што ќе обезбеди унапредување на меѓусебната соработка и интензивирање на политичката, економската, безбедносната, културната и социјалната размена помеѓу Северна Македонија, Италија, Бугарија и Албанија.

Ова го истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи на денешната прес-конференција во Бриндизи, Италија на која заедно со министрите за надворешни работи на земјите што се дел од оваа соработка, Антонио Тајани, Марија Габриел и Олта Џачка беа претставени главните контури на оваа иницијатива.

„Блиската соработка со две земји-членки на Европската Унија, Италија и Бугарија, има големо значење за нас и за Албанија како земји-кандидати бидејќи ќе има позитивни импликации. Оваа иницијатива е и во насока на она за што се залагаме како земја, повеќе интеграција пред членство, односно вклучување на земјите-кандидатки во соодветните политики и иницијативи на ЕУ, што ќе им овозможи на граѓаните искористување на придобивките од пристапувањето во текот на целиот процес, а не само по неговото завршување”, рече Османи на заедничката прес-конференција со министрите за надворешни работи на земјите дел од Инцијативата 8.

Оваа заедничка иницијатива, вели Османи, треба да прерасне во еден нов сојуз во регионот, кој ќе понуди стратешки подлабока и позначајна соработка на земјите преку промоција на европските вредности, севкупна европеизација на целиот регион и воспоставување трајно разбирање, доверба меѓу нашите народи, политичка соработка и економска раст.

„Северна Македонија може да одигра клучна улога во подобрувањето на физичката поврзаност во регионот што ги поврзува западот и истокот. Заедничката работа на нашите влади може да овозможи многу набрзо да имаме транспортен коридор преку кој ќе биде возможно за 10 часа да се стигне од пристаниште во Италија на Јадранско Море до пристаниште во Бугарија на Црно Море. Сега тоа време изнесува 25 часа”, рече Османи.

Инаку, министерот Османи Иницијативата 8 ја иницираше на почетокот на 2021 година како идеја за нова, мултидисциплинарна платформа помеѓу Северна Македонија, Бугарија и Албанија преку која би се интензивирала и продлабочила меѓусебната соработка, како стратешки интерес за државите што се дел од иницијативата.

Покрај тоа, Османи во Бриндизи ги претстави и најновите инфраструктурни проекти во Северна Македонија долж Коридорот 8 на Транс-европската транспортна мрежа кон Бугарија и Албанија, како и паралелното развивање на инфраструктурата долж Коридорот 10, проекти што можат да послужат како катализатор за регионалната соработка и напорите за интеграција.

Министрите за надворешни работи се договорија дека ќе одржуваат редовни состаноци и истовремено ќе работат на зајакнување на соработката, не само помеѓу владите, туку и помеѓу градовите низ кои минува Коридорот 8. Во иницијативата ќе бидат вклучени и бизнис и граѓанскиот сектор како еден од главните фактори за спроведување на успешна соработка.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Иницијатива 8МНРОсмани

НАЈНОВО

Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

July 10, 2025

Мерц: Германија е подготвена да купи американски системи „Патриот“ за Украина

July 10, 2025

ОН: Јуни годинава е месец со најмногу цивилни жртви од почетокот на војната во Украина

July 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дозвола за постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија заглавена – Албанија чекори напред: Владата на Мицкоски го блокира европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државата во пламен, Мицкоски и ДПМНЕ си тераат партиски агенди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk