Ние не сакаме да глумиме дека ја внесуваме државата во ЕУ, туку навистина сакаме да ја внесеме во ЕУ, истакна вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во гостувањето во Канал 5 телевизија.
-Ќе има нов бран на проширување на Унијата и сакаме да сме дел од тие држави во пакет, а не да чекаме со земји кои имаат сериозни системски слабости, рече Маричиќ.
Тој додаде дека народот скапо ги плаќа, како што вели, демагогиите и заблудите на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу нив и обвинувањата за бугаризација.
-Со утврдување на македонскиот народ како конститутивен и бугарската заедница како заедница не треба да се има никаков проблем. Веќе имаме седум заедници во Уставот. Дали тоа го загрозува македонскиот идентитет? Јас не мислам дека е загрозен, кажа Маричиќ.