Руската армија синоќа и утринава изврши 14 ракетни напади врз североисточниот украински регион Суми, соопшти регионалната воена администрација во објава на апликацијата за пораки Телеграм, пренесува Укринформ.
Во текот на ноќта и утрово непријателот изврши 14 ракетни напади врз регионот Суми. Беа забележани 83 експлозии. Гранатирани се 12 населби во шест територијални заедници: Краснопилија, Хотин, Шалихин, Середина-Буда, Хлухив, Путил, се вели во објавата.
Според регионалната воена администрација, напаѓачите користеле минофрлачи, артилерија и MLRS.
Главната канцеларија на Националната полиција во регионот Суми тврди дека најмалку еден цивил загинал, а пет други се повредени во нападот.
Проектилот погодил образовна институција. На местото на инцидентот работат органите на редот и ги евидентираат последиците.
Г. Т.