ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Безбедносната ситуација во Вашингтон под контрола пред доаѓањето на конвојот на Трамп во градот

August 3, 2023 21:07
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Неколку часа пред доаѓањето на поранешниот претседател Доналд Трамп за да му биде предјавено обвинение за попречување мирен трансфер на власта по претседателските избори во 2020 година, зградата на федералниот суд во Вашингтон е строго обезбедена од полицијата.

Во престолнината засега е мирно со засилени безбедносни мерки.

Федералната судска зграда Илајџа Берет Притимен е добро позната на набљудувачите, новинарите, но и судиите, обвинетите, адвокатите и сведоците – овде досега беа судени над 1,000 подржувачи на Трамп кои на 6 јануари 2021 година насилно упаднаа во американскиот Капитол, а по повикот да се запре потврдата на победата на претседателот Џо Бајден.

Источниот дел од зградата преку улицата гледа кон Конгресот и имаше директен поглед на насилството што се одвиваше пред Капитолот на 6 јануари 2021 година.

Членови на американската служба на маршали, агенти од тајната служа, полицијата на округ Колумбија и федерални безбедносни служби можат да бидат забележани околу безбедносните огради поставени пред зградата.

Градската полиција на округот Колумбија се грижи за безбедноста во округот, додека тајната служба на САД е задолжена за заштита на поранешниот претседател, а службата на маршали се грижи за безбедноста во судската зграда.

За заштита од насилни демонстрации и преминување на безбедносната бариера поставени се возила за чистење снег, сепак, не е јасно дали ќе бидат поместени кога конвојот со поранешниот претседател ќе пристигне пред зградата.

Конвојот на Трамп во моментов од Бедминистер, Њу Џерси тргна во правец на аеродоромот во Њујорк и се очекува да пристигне во Вашингтон пред 16 часот по источноамериканско време. Експретседателот треба да се појави пред судијата некаде после 16 часот.

Безбедносната ситуација во градот е строго конролирана како и за време на судското рочиште во Флорида, откако беше обвинет за незаконско отуѓување на строго доверливи документи, иако нема толкава раздвиженост и толку многу подржувачи како на задржувањето на Трамп во Њујорк.

Објевно неделава во вторникот, федералното обвинение против Трампе е под четири точки:

Заговор за измама на Соединетите Држави. Заговор за попречување на официјална постапка. Попречување на и обид за попречување на официјална постапка. Заговор против права на избирачите.

Доналд Трамп се соочува со 78 тужби во три одделни дела за кои би можел да добие прилични затворски казни. Според Политико, ако биде прогласен за винован под сите точки, и осуден на максиум рок, експретседателот на САД се соочува со затворски казна во траење од вкупно 641 година.

Tags: ВашингтонСАДТрамп
Next Post

Анти-родовото движење во Македонија и руската пропаганда

EVN

НАЈНОВО

Како контроверзна тинејџ секс сцена од „Good Time“ ги раздели режисерите браќата Сафди

January 27, 2026

Сидни Свини се искачила на холивудскиот знак во ЛА и закачила градници

January 27, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

(ВИДЕО) Тејана Тејлор ја одбележа „Париската модна недела“: Провидна чипка и бисерна круна на ревијата на Скијапарели

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk