ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нарoдната банка го поддржа нашиот тим за учество на Меѓународната економска олимпијада што донесе бронзен медал  

August 4, 2023 10:11
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Заради јакнење на финансиската писменост на населението од сите старосни категории и профили, Народната банка презема иницијативи и активности на повеќе полиња. Меѓу нив е и поддршката преку подготовка на нашите ученици претставници на Меѓународната економска олимпијада, од кои ученикот Давид Ставров освои бронзен медал. Меѓународната економска олимпијада e престижен меѓународен натпревар по економија за учениците од средните училишта, којшто се одржува од 2018 година наваму, а годинава се одржа од 25 јули до 2 август 2023 година во Грција. Целта на овој настан е преку натпревар да се зајакнат знаењата на учениците од областа на економијата, а воедно да се поттикне и натпреварувачкиот дух и меѓународното поврзување на младите. 

Наши претставници на овогодишната олимпијада, покрај Ставров, кој е ученик во IV година во ПСУ „Алгоритам”, Скопје, се и Стефанија Кузмановска, III година во Математичко-информатичката гимназија, Скопје; Рина Толева, IV година во СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен”, Скопје и Давид Арсовски, IV година во СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен”, Скопје. Овие ученици освоија најдобри резултати на Државната економска олимпијада, којашто се одржа на 31 мај 2023 година, наменета за поттикнување и продлабочување на знаењата кај младите од областа на економијата, финансиите, бизнисот и примената на математичките модели во економијата.

Народната банка зеде активно учество во подготвителните активности на учениците за учество на Олимпијадата, преку одржување серија предавања за учениците во просториите на централната банка: „Да се запознаеме со Народната банка”, „Монетарна политика”, „Лични финансии”, „Платежни инструменти – Современи начини на плаќање”, „Анализа на економските показатели со посебен осврт на коефициентот на Џини”, како и дополнителни презентации според барањата на учениците за дополнување на знаењата и одговори на разните модули на вежби и едукативни игри за Олимпијадата. Овие предавања се дел од потпишаниот Меморандум за соработка во доменот на финансиската едукација, за потребите на Меѓународната економска олимпијада, помеѓу Народната банка и Сојузот на математичари. Целта на соработката со Сојузот е откривање, поддршка и поттикнување на натпреварувачкиот дух на учениците со особен талент и знаења од областа на економијата, финансиите и бизнисот.

Tags: Давид СтавровМеѓународна економска олимпијадаНародна банка
Next Post
AFP

Автобус со мигранти во Мексико падна во провалија длабока 40 метри, 18 загинати

НАЈНОВО

Новинарот Селмани жртва на вандализам: Избрале погрешен човек

September 3, 2025

ОЈО: Бомби и муниција пронајдени во дом во Идризово, поведена истрага

September 3, 2025

„Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

September 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова смета дека нема потреба од декларација за црвените линии на државата за евроинтеграциите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кина претстави нова нуклеарна тријада и хиперсонични ракети на воена парада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарот Селмани жртва на вандализам: Избрале погрешен човек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk