ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Четиринаесетти протест „Србија против насилството“ во Белград со блокада на мостот Газела

August 5, 2023 21:00
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Во Белград се одржа четиринаесеттиот протест „Србија против насилството“, со блокада на центарот на Белград и на автопатот на мостот Газела, јави дописникот на МИА од Белград.

Протестот во Белград, почна од платотото пред Народното собрание, од каде граѓаните со блокада на сообраќајот по централните белградски улици и покрај силниот дожд се шетаа до автопатот на мостот Газела, кој претходно беше блокиран од еколошките активисти.

Протести се одржаа и во Краљево и во Бачка Паланка. Овонеделниот протест против насилството е посветен на новиот Закон за планирање и градење.

Барањата на протестите Србија против насилството се: смена на Советот на РЕМ (Регулаторно тело за електронски медиуми), затворање на печатени медиуми и таблоиди кои објавуваат лажни вести, невистини и континуирано го кршат новинарскиот код, одземање на националните фреквенции од телевизиите кои ги заблудуваат граѓаните, трујат и промовираат насилство, како што се Пинк и ТВ Хепи, оставка на министерот на полицијата Братислав Гашиќ и шефот на безбедносната агенција БИА Александар Вулин, итно укинување на програмите кои промовираат насилство, неморал и агресија на телевизиите со национална фреквенција, како што се реалните шоуа.

Проевропската опозиција технички ги организира овие граѓански протести кои започнаа по масовните убиства во белградското училиште „Владислав Рибникар“ и селата Дубона и Мало Орашје во општините Младеновац и Смедерево.

Од недела во недела демонстрантите бараат одговорност од властите за долгорочното создавање амбиент што доведе до зголемување на насилството во државата.

Но, и по упорното повторуваните барањата, власта не се согласува тоа, што го покажа гласањето во српското Собрание, каде беше изгласана доверба на министерот за полиција Братислав Гашиќ.

Проевропската опозицијата која во Собранието ги застапува барањата од протестите, во повеќе наврати постави и политички барања, како што се одржување на избори за градот Белград, додека десничарската опозиција која исто ги поддржува протестите бара одржување на вонредни парламентарни избори.

Извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: протестиСрбија
Next Post
Фото: Генералштаб на вооружените сили на Украина

Во Саудиска Арабија почна мировниот самит за Украина, без учество на Русија

НАЈНОВО

Трајановски: Целосно ќе го запреме урбанистичкиот терор и бетонизацијата во Аеродром

October 2, 2025

Дерала, Касале и Џозеф од Рим: Демократијата мора да се брани – со обединета Европа против војната, национализмот и авторитаризмот

October 2, 2025
Генерирано со ВИ

Лидерот на военото крило на Хамас во Газа го отфрли планот на Трамп за прекин на војната

October 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Минималната плата во Албанија ќе биде 520 евра, за Мицкоски и 400 евра биле многу

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Елка Јачева Улчар: Вистина е дека не е познат авторот на кирилицата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Српски пасоши за Руси – нова алка во руското влијание на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски најави 100 милиони евра во инфраструктурни проекти за Кочани и регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реџепи, Лимани и Османи со јасна предност – две победи во прв круг, една во вториот круг на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk