Општина Центар врз основа на воспоставената меѓуопштинска соработка со Град Скопје, започнува со реконструкција (рехабилитација) на улица ,,Славејко Арсов” (со краци) и улица ,,Столтенбергова”, соопштуваат од Општина Центар.
„На овој потег на улицата ,,Славејко Арсов” ќе биде поставен нов асфалт со должина од 5800 м2, и нови рабници со вкупна должина од 250 метри. Заедно со поставувањето на новиот асфалт долж овој потег на улицата, ќе бидат нивелирани и 38 шахти” истакна Герасимовски.
Како што информираат, Општина Центар во следниот период ќе започне со реконструкција и на улицата ,,Столтенбергова”.