ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Нема да има писмен извештај, ниту гласање за реализација на Договорот со Бугарија

August 7, 2023 21:22
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва изјави дека со видеото во кое ја опишува преговарачката рамка барал начин како да излезе од пропагандниот чадор под којшто се влезени граѓаните. Пропагандата против уставните измени, според него, е пуштена на најако, без аргументи и без никаква суштинска дебата.

Едноставно, вели тој во интервју за Сител, граѓаните се злоупотребуваат на емоции со цел политичките партии да профитираат што не е чесно.

Јас се обидувам да излезам од таа врева, од таа галама на пропаганда која што е создадена да стигнам до граѓаните да им кажам дека не е точно ова што се зборува. Ние зборуваме за најважната тема во којшто излегувам и ги демантирам, ги рушам сите нивни столбови на нивниот наратив и не излегуваат да ме демантираат. А во однос на содржината ова беше уште еден пример како јас бев навреден, бев нападнат за сите можни причини, но ништо за содржината, ниту еден не излезе да каже не е така. Ниту еден не излезе да цитира една реченица од преговарачката рамка за да ме демантира, истакна Османи.

На прашање поврзано со членот 5, Османи посочува дека во општиот дел нема ниту писмен извештај, ниту гласање ќе има во ЕУ за тој процес.

Значи едноставно констатираа дека Северна Македонија има еден билатерален договор со Бугарија и со Грција, добрососедските односи се важни за прогресот, меѓутоа за тој член 5 нема да има писмен извештај. ЕК нема во ниту еден момент да каже до тука е степенот. Или пак земјите – членки да гласаат или пак Бугарија да каже дајте да видиме до каде е реализацијата и да гласаме по однос на реализацијата, рече Османи.

Во однос на примената на членот, тој вели дека ЕК реферира, што значи, нема да известува и тоа во стручната терминологија во ЕУ е многу важно бидејќи нема да има писмен извештај.

Што значи писмен извештај? Ова што го добиваме ние секоја година во која што точно се квантификува и се квалификува до каде е реализацијата на одредено аки. За членот пет нема да има писмен извештај, нема да има гласање во ЕУ. Ова е клучната порака која што се обидувам да им ја кажам на граѓаните, рече Османи.

Се разбира, додава тој, добрососедските односи ќе се ценат.

Ние ако сме во лоши со еден сосед, членка на ЕУ, се разбира тоа е пречка за напредокот. Меѓутоа нема да има точка на дневен ред во ЕУ во којшто ќе биде Договорот со Бугарија, Договорот со Грција, прегледите од член 12, нема да има такво нешто. И тоа е многу важно. Затоа велам дека тоа плашење на граѓаните, дека Договорот ќе биде филтер односно скалило како што јас ги нарекувам во видеото, нема да биде дел од скалилата низ кои ние се качуваме за да влеземе во ЕУ, вели Османи.

Министерот за надворешни работи тврди дека нема да има писмен извештај, нема да има гласање по однос на Договорот со Бугарија, но додава дека Бугарија може да најде алиби да го кочи процесот и да се повика на друго нешто.

Да каже водата во Вардар не ви е чиста, и јас не ве пуштам. Меѓутоа нема да има основ во документите и да каже ајде во ЕУ да го разгледаме до каде е имплементацијата на Договорот со Бугарија, до каде е историската комисија. Нема такво право според преговарачката рамка. И преговарачката рамка во ништо не се разликува од тие преговарачки рамки за коишто ги прифаќавме претходно кога немаше никаква дебата. Едноставно разликата е во тафтологија, спомнување на член од истиот Договор, вели Османи.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Договор со БугаријаИзвештајОсманиСителуставни измени

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk