ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Eкономската криза е веќе зад нас и претстои период на стабилизација и развој

August 8, 2023 11:54
in PMD, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Државниот завод за статистика вчера објави дека инфлацијата за месец јули изнесува 8,4 отсто во однос на истиот месец минатата година.

Тоа е скоро двојно пониска стапка на инфлација од онаа што ја имавме во месец јануари оваа година кога таа изнесуваше 17,1 отсто.

Инфлаторната спирала пикот го имаше кон крајот на минатата година кога во месец декември изнесуваше 19,5 отсто, а оттогаш наваму е во постојан пад.

Високата стапка на инфлација сериозно удри врз економскиот стандард на граѓаните.

Сепак во голем број сектори растат платите, но се зголемуваат и пензиите со што државата се впушта во директна трка со инфлацијата, но во моментов се поставува прашањето дали сега откако инфлацијата е едноцифрена и сериозно намалена, зголемените плати и пензии вредат повеќе?

Во мај месец просечната плата пораснала за 16,1 отсто, а во истиот месец инфлацијата била 11,3, односно за речиси пет процентни поени пониска отколку растот на просечната плата.

Во септември ќе следува раст на платите на околу 130.000 вработени во јавниот сектор во висина од 10 отсто, а истиот месец ќе се зголемат и пензиите за околу 6 отсто според првичните проекции.

Тоа ќе доведе до дополнителен раст на просечната плата, кој според економските познавачи драстично ќе биде поголем од стапката на инфлација за која се проценува дека и натаму ќе опаѓа.

За пензионерите пак, зголемувањето во септември ќе значи дека за само шест месеци (март – септември) пензиите ќе се зголемат за речиси 14,5 проценти, (по мартовското зголемување од 8,4%) што исто така ќе биде повисоко од проектираната годишна стапка на инфлација која треба да биде под 10 отсто.

Ако трендовите продолжат вака, веќе е извесно дека растот на платите го претркаа растот на трошоците за живот, што значи дека последиците од економската криза се веќе зад нас и претстои период на стабилизација и развој, освен секако ако не дојде до некои нови регионални или светски потреси.

Преземено од 24 инфо

Tags: економска кризаинфлација
Next Post

Македонскиот Црвен крст за непогодите во Словенија: Понудени се волонтери, тимови за соодветна интервенција и парични средства

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk