ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Забавува инфлацијата, Битиќи најави намалување до крајот на годината

August 8, 2023 14:34
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Забавување на годишната стапка на инфлацијата бележи Државниот завод за статистика во текот на јули 2023 година. Индексот на трошоците на животот во јули 2023 година, во однос на идентичниот месец од минатата година, бележи зголемување од 8,4 отсто, додека индексот на цените на мало бележи зголемување од 4,9 отсто.

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи пак објави дека забавувањето на инфлацијата за месец јули е во согласност со владините проекции со кои се предвидува просечната инфлација за 2023 година да изнесува 8,9 отсто. Вицепремиерот Битиќи вели дека се работи на тоа инфлацијата да се сведе на минимум до крајот на оваа календарска година, со цел да се заштити стандардот на граѓаните.

На годишно ниво, најголем раст на инфлацијата е регистрирана кај храната и безалкохолните пијалаци, чии цени пораснале за 11,8 отсто. Единствено поевтинување од 8,2 отсто во јули годинава споредено со лани е регистрирано кај транспортот, додека комуникациските услуги се нудат по идентични цени како и лани. Кај останатите услуги и производи, забележан е тренд на раст на цените.

Од друга страна, во јули 2023 година, споредено со претходниот месец, индексот на трошоците на живот е зголемен за 1 отсто, додека индексот на цените на мало пораснал за 1,6 отсто, покажуваат статистичките податоци.

Пораст на индексите на трошоците на животот во јули 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 12,6 отсто, лебот и житата за 3,8 отсто и сирењето и урдата за 1,8 отсто, додека поскапувањата на другите производи е под 1 отсто.

Во јули, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај воздухопловниот патнички транспорт за 30,9 отсто, електричната енергија за 4,3 отсто, услугите за сместување за 4,2 отсто, домашните услуги и услугите за домаќинствата за 2,8 отсто, течните горива за домаќинствата за 2,5 отсто, фризерските салони и центрите за разубавување за 2,4 отсто и другите печатени материјали за 2,2 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот во јули 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирите и другите коренести плодови за 4,8 отсто, маслото и маснотиите за 3,6 отсто, жестоките пијалаци за 0,9 отсто, кафето, чајот, какаото за 0,6 отсто, прехранбените производи неспоменати на друго место и виното за 0,2 отсто.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај гасот за домаќинствата за 7,1 отсто, медиумите за снимање за 5,2 отсто, парамедицинските услуги за 4,7 отсто, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 3,9 отсто, високото образование за 2,7 отсто и информатичката опрема за обработка на податоците за 1,3 отсто.

Преземено од Градска.мк

Tags: инфлацијаФатмир Битиќи
Next Post

Лондонската полиција уапси маж по напад со нож во близина на Британскиот музеј

Shortcut

Најново

31 година од атентатот врз Киро Глигоров: Сторителите и нарачателите сè уште непознати

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
Средба Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: vlada.mk)

Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

October 2, 2026
Урсула фон дер Лајен (фото: facebook.com/eudebates.tv)

Што ќе донесе Фон дер Лајен денеска во Скопје, а што ќе ѝ понуди Мицкоски?

October 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk