Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, со порака на Твитер по повод 9 август, Меѓународниот ден на домородните народи во светот кој се одбележува за да се покаже годишна поддршка за заштита и унапредување на правата на домородните народи.
Во Украина, Кримските Татари, Караитите и Кримчаните се признати како домородни народи.
Повеќе од 9 години, претставници на домородните народи на Украина се соочуваат со незаконски дејствија, неправди, угнетување и прогон од страна на руската федерација, која незаконски го анектираше полуостровот.
На 9 август, Меѓународниот ден на домородните народи во светот се одбележува за да се покаже годишна поддршка за заштита и унапредување на правата на домородните народи.#IndigenousPeoplesDay#StandWithUkraine pic.twitter.com/ZZKnnTU72a
— Larysa Dir (@dir_larysa) August 9, 2023
Крим е Украина. Затоа, веднаш штом ќе го ослободиме Крим, ќе сториме се што е потребно за да ги заштитиме домородните народи на Украина и да ги изведеме пред лицето на правдата руската војска и власти одговорни за извршување на воени злосторства, напиша Дир на Твитер.
Д. Мишев / Цивил Медиа