ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Манифестот е шанса ВМРО-ДПМНЕ да се приклучи на европскиот блок и докаже дека навистина е за ЕУ, вели Каевски

August 9, 2023 13:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

„СДСМ и пратеничката група целосно застануваат зад Манифестот на лидерите на политичките партии застапени во Собранието, а во врска со водењето преговори за полноправно членство во ЕУ. Манифестот е добра основа за градење единство и со него се дефинираат рамки и позиции по кои сите надлежни институции мора да постапуваат во процесот на преговори. Овој Манифест е во рамките на црвените линии и заклучоците по европскиот предлог што ги усвои парламентарното мнозинство овде во Собранието и со него сите лидери на политичките партии се обврзуваат дека ќе настојуваат пристапните преговори да завршат во најкраток можен рок, а притоа целосно заштитувајќи го идентитетот, традицијата, јазикот и општествените вредности на граѓаните“, истакна на денешната прес-конференција пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски.

Тој нагласи дека во овој документ јасно е наведено дека политичките партии во Собранието, без разлика од составот на владејачкото мнозинство, се обврзуваат да соработуваат, но и да го водат преговарачкиот процес целосно отворено и транспарентно со цел најшироката јавност да биде во можност да го изрази своето мислење по однос на условите за членство во Европската унија.

„Сега е потребно обединување околу овој Манифест со кој сите заеднички ќе се обврземе за ефикасно водење на преговорите за пристапување во ЕУ. Очекуваме и други политички партии, а пред се ВМРО-ДПМНЕ да се приклучи кон овој Манифест и со тоа на дело да покаже и докаже дека навистина е за ЕУ. Можностите за Христијан Мицкоски да се приклучи на европскиот блок стануваат се поретки и ако тој не ј искористи оваа шанса ќе покаже дека сето она што го говори за европската иднина е само обично блефирање пред јавноста. Откако уставните измени се јавно објавени и откако никој, вклучително и ДПМНЕ не е против нивната содржина, време е за глас за Европа во македонското Собрание. Ајде заедно да го усвоиме овој Манифест, да дадеме поддршка на уставните измени и да ја обезбедиме европската иднина на нашата држава“, истакна Каевски.

 

Tags: ЕУКаевскиМанифестСДСМ
Next Post

Исплатени 199,4 милиони денари дополнителна поддршка за 5.851 лозаропроизводител

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk