ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Медиумите поминаа на црвен семафор

Зошто дел од медиумите се сензационалистички и не ја почитуваат професионалната етика при известување за сообраќајки со смртни последици? Дали е етички и професионално објавувањето на видео, во која се гледа како е прегазен со возило од 25-годишниот од скопски Љуботен? Зошто медиумите ја извадија во преден план жртвата, а не причината за смртта или факторите што предизвикуваат вакви трагични настани?

August 9, 2023 11:10
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: АРТА ТАХИРИ 

Тешката сообраќајна несреќа, во која младиот Мусли Весели го загуби животот, по кој знае кој пат ја отвори дебатата за тоа колку етички и професионални медиумите кога известуваат за вакви трагични случки. Уште повеќе што од овој настан, портали и разни медиуми, не почитувајќи го “ етичката и професионална медиумска „сигнализација”, исто како убиецот на младиот човек кој помина на црвен семафор, го објавија видеото од несреќата.

Медиумите на албански јазик, со оглед дека настанот се случи во делот на Скопје со мнозинско албанско население, дадоа повеќе простор за оваа несреќа, додека во медиумите македонски јазик не го привлече истото внимание, што влијаеше на тоа видеото да не биде дистрибуирано во поголема мера во онлајн просторот и на социјалните мрежи.

Како и секогаш, образложението на оние кои дистрибуираат вакви тешки видеа, дури и со предупредување дека „емитуваните снимки се вознемирувачки”, е дека објавувањето е на линија на објективно презентирање на настанот, односно нецензурирано, насочен кон подигнување на јавната свест и зголемување на вниманието кај возачите.

Но, објавувањето на ова видео е спротивно на Кодексот на новинарите, во кој е јасно и точно наведено “ Начинот на информирање во случаи несреќи, природни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски спорови треба да биде ослободен од сензационализам”.

Во Упатството за етичко известување на онлајн медиумите, кое го третира спроведувањето на Кодексот на новинарите во онлајн сферата, се вели:

ТЕМИТЕ ПОВРЗАНИ СО ЛИЧНИТЕ ТРАГЕДИИ СЕКОГАШ ЌЕ СЕ ТРЕТИРААТ ВНИМАТЕЛНО, МЕЃУ ДРУГОТО, А НА ЛУЃЕТО ПОГОДЕНИ ОД ТРАГЕДИЈАТА, МОРА ДА ИМ СЕ ПРИСТАПИ ВНИМАТЕЛНО И ДИСКРЕТНО. НИТУ ЕДНО ИМЕ ИЛИ ФОТОГРАФИЈА НА ЖРТВИТЕ НЕМА ДА БИДЕ ОБЈАВЕНО КОГА СЕ ИЗВЕСТУВА ЗА НЕСРЕЌИ, КРИВИЧНИ ДЕЛА, САМОУБИСТВО ИЛИ СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО. НЕМА ДА СЕ ОБЈАВУВААТ ПОДАТОЦИ ОД КОИ ИДЕНТИТЕТОТ НА ЖРТВАТА ИЛИ СТОРИТЕЛОТ НА КРИВИЧНОТО ДЕЛО МОЖЕ ИНДИРЕКТНО ДА СЕ ОТКРИЕ, ПРЕД ДА БИДЕ ОФИЦИЈАЛНО ОБЈАВЕН ОД НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ.

А, токму сензационализмот, кој носи кликања и го зголемува следењето на социјалните мрежи, што носи материјални придобивки, е главниот мотив за „неконтролирана” дистрибуција на ова видео.

Ова, бидејќи фокусот е ставен на жртвата, нејзиниот идентитет, на фактот дека се работи за еснаф од Скопската чаршија, не на причината и факторот што доведе до овој ужасен настан. Медиумизацијата на овој настан преку видеото предизвикува зголемена болка кај роднините на жртвите: родители, сестри, браќа и други роднини.

Од друга страна, објавувањето на вакви видеа, покрај тоа што ја поттикнува љубопитноста на јавноста, влијае исклучително негативно од психолошки аспект на различни категории на публиката, како што се децата и младите до 16-годишна возраст, но и на оние кои се чувствителни и страдаат од срцеви и други заболувања за кои не се препорачуваат вакви вознемирувања.

Кога се случуваат вакви несреќи, медиумите треба да се занимаваат со причината, а не само со последицата, тие треба да истражуваат зошто толку често се случуваат вакви несреќи во скопски Чаир, зошто нема контрола врз возењето на автомобилите. Треба да се постави прашањето зошто сообраќајната полиција не успева да постави ред во населбите „отаде Вардар“, кој го спречува редот и промовира хаос?

За разлика од тоа, оваа ненадејна трагична смрт ќе остане само горчлив настан за семејството, ќе зборува за физичката небезбедност во нашата земја, но исто така и ќе биде и одраз на неетичката околина, во кои работат медиумите во он-лајн сферата, кои со зголемување на нивното влијание наметнуваат постојано непрофесионални и неетички стандарди дури и во традиционалниот медиумски систем регулиран со закон.

Фактот дека порталите не се регулирани со Законот за медиуми не значи дека тие имаат неограничена слобода, надминувајќи го и максималниот праг на професионалната етика.


Текстот е личен став на Авторката. Преземено од СМК.мк

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: АРТА ТАХИРИетикамедиумипрофесионалностсензационализам

НАЈНОВО

„Марш за ангелите“ во Скопје. Фото: Ј. Ѓорѓиоски

„Марш за ангелите“ во Кочани – родителите побараа одговори од МВР, УЈП и од Обвинителството

June 21, 2025
Фото: Армија на САД

Ројтерс и „Њујорк Тајмс“: Полетаа американски бомбардери Б-2, летаат над Тихиот Океан

June 21, 2025

​​Силни експлозии во централниот и северниот дел на Техеран

June 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ројтерс и „Њујорк Тајмс“: Полетаа американски бомбардери Б-2, летаат над Тихиот Океан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија е првата европска земја што доби турски влечни хаубици БОРАН

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Голем пожар во Далмација меѓу Омиш и Макарска, се спасуваат куќи, пожарникарите немаат контрола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk