РИБАРО
Пацери мои, мора да најдеме соодветен начин да му се заблагодариме на косовскиот премиер Курти за националистичкиот театар што ни го приредија со нашите идни коалициони партнери во Скопје и Тетово викендов, им се обратил Мицкоски на своите во белата палата, дознава АХА.
„Е, сеа, нема да ви кажам дали со Касами се координиравме претходно и дека ова не е пука случајност, ама тоа во моментов не е битно и не мора сè да знаете. Она што е битно е тоа дека посетата на Курти и добредојдето од Касами, мавна со оние куршуми што нас најмногу ни одговараат и на кои единствено знаеме политички да се шлепаме и одржуваме – НАЦИОНАЛИЗМОТ наш насушен и разгорување на меѓуетничките тензии.
Курти брате, многу ти благодарам!, ќе му пишам во личната комуникација. А во јавноста, прво ќе си молчиме, па ќе пласираме, нели, оштра реторика: па како може тоа да му се дозволи на косовскиот Премиер, па власта е виновна, па МВР… и слични драмолетки на кои сме навикнати да ги правиме.“, ги брифирал Мицкоски блиските соработници.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK