ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пензинерите блиски до ВМРО-ДПМНЕ најактивни во повиците за масовноста на протестите

August 14, 2023 13:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Најави за организиран превоз до Скопје за пензионери од внатрешноста започнаа да споделуваат симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ преку социјалните мрежи повикувајќи на масовност. Протестот на дел од пензионерите е закажан за денеска во Скопје, а симпатизерката на партијата, Верица Анѓушева од Велес, чиј фејсбук профил изобилува со фотографии од собири на ВМРО-ДПМНЕ, во групите на социјалните мрежи информира дека постои организиран превоз за велешките пензионери за денешниот протест во Скопје. Таа објави и детали дека се поаѓа од градската автобуска станица и бара нејзината објава да се сподели, но не информира кој го плаќа организираниот превоз.

Некокупати досега се покрена дилемата дали постои ли партиска позадина зад протестите на дел од пензионерите. На протестите кои се организираа во градовите во внатрешноста, поконкретно во Битола најактивен беше Антонио Димитровски. Тој може да се забележи на речиси сите фотографии кои ги објавија локалните медиуми. Тој е во првите редови на протестите во градот, но се поставува прашањето за намерата на неговото учество, со оглед на фактот дека е татко на актуелниот секретар на Општина Битола, Борче Димитровски, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Медиумите споделуваа фотографии од протестот во Прилеп, а на нив можеше да се забележи пензионерката Верче Јанческа. Таа неофицијално освен што е член на ВМРО-ДПМНЕ е и член на партиските структури, односно член на ветераните на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп. На нејзиниот фејсбук профил може да се забележат фотографии со претседателот на партијата Христијан Мицкоски, а воедно има и фотографии од партиски активности. Во меѓувреме, се јавува и како организатор на протестите на дел од пензионерите.

Протестите започнаа со барањето за линеарно покачување од 3.500 денари на пензиите, иако со новата методологија, актуелна методологија, пензионерите добија повисоки пензии за околу 21 отсто за само година и пол. Според Министерството за труд и социјална политика актуелната методологија за порамнување на пензиите обезбедувала историски најголем и континуиран раст на пензиите, а протестите не се решение. Со новата методологија во септември 2022 година порастот беше 6,8 отсто, во март оваа година 8,4 отсто и дека според моменталната проекција за септември 2023 година се најавува раст за најмалку 6 отсто.

Tags: ВМРО-ДПМНЕпензионери
Next Post

Стевановиќ: Пациентот позитивен на конго кримската хеморагична треска е хоспитализиран и во добра општа состојба

НАЈНОВО

Политички пресврт во Израел: Ганц повикува на нова влада за ослободување на заложниците

August 24, 2025

Почина албанскиот новинар и аналитичар Жеји

August 24, 2025
Фото: Укринформ

Дронови над Москва и Санкт Петербург, десетици летови откажани

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk