ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МОЗАИК

Доделени сертификати на учесниците за успешно завршување на Школата за млади лидери „Peace forum dialogue”

August 15, 2023 18:10
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, присуствувал и се обратил на настан по повод одбележување на 22 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

На настанот, соопштија денеска од владината прес-служба, премиерот Ковачевски и првиот вицепремиер Груби им доделиле сертификати на учесниците за успешно завршување на Школата за млади лидери „Peace forum dialogue”, на тема „Интеграција преку помирување“ во организација на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

– Оваа година одбележуваме 22 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, кога нашата држава отвори ново поглавје од својата понова историја во духот на мирот, добрососедството и взаемната почит. Од држава која пред повеќе од две децении се соочуваше со можноста од разлевање на конфликтот, прераснавме во симбол на мултиетничноста, мултиконфесионалноста и мултикултурализмот. Охридскиот Рамковен договор го замени говорот на оружјето на терен со говорот на разумот на маса, ги институционализираше отворените прашања и испрати порака дека проблемите не се решаваат со конфликт, туку преку дијалог и дебата. И дека, како што вели самиот договор, не постојат територијални решенија за етничките прашања, нагласил премиерот Ковачевски.

Денес, од оваа временска дистанца, истакнал Ковачевски, сакам да истакнам еден непобитен факт – а тоа е дека Охридскиот Рамковен договор го донесе мирот и постави цврста рамка за меѓуетнички односи, пред сè соживот, заштитувајќи го територијалниот интегритет и суверенитет.

– Сите заедно, со почит кон другиот, со взаемна грижа и посветеност да си помагаме едни на други, а така и да ја градиме нашата држава, потенцирал премиерот Ковачевски.

При тоа, тој нагласил дека како држава, нашите стремежи за унапредување на правата на заедниците ги исполнивме преку создавање на Секретаријат за спроведување на Охридскиот рамковен договор, кој прерасна во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

Премиерот, во своето обраќање го потенцирал значењето на Школата за млади лидери, која веќе втора година по ред ја организира Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

– Република Северна Македонија извлече поука од минатото. Извлековме поука дека предизвиците нѐ прават посилни и нѐ поттикнуваат да одиме напред бидејќи во заедништвото е силата. Предолго чекавме на нашата шанса да станеме дел од ЕУ за да можеме така лесно да ја испуштиме можноста за подобар и поквалитетен живот за сите нас. Свесен сум за предизвиците кои ни претстојат, но се надевам и на свесност и кај другите носители на процесите дека нашата држава заслужува подобро утре и тоа сега. Граѓаните од нас очекуваат да продолжиме храбро напред, сите заедно и сите како едно да ги оствариме нашите децениски заложби како граѓани на европска Република Северна Македонија, заклучил премиерот Ковачевски во своето обраќање по повод 22-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

Првиот Заменик на Претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, се наведува во соопштението од владината прес-служба, на настанот потенцирал декa eдна од најглавните точки на второто издание на „Peace Forum Dialogue“ e наставата и предавањето за вистинските вредности на политиките на соработка, европските и проамериканските политики, како загарантиран успех за подобра иднина.

– Зошто да се третира Охридскиот договор? Во периодот од неговото потпишување до денес, имаме нова генерација која навистина веројатно не знае многу за овој договор, за државата пред неколку години и за достигнувањата кои се постигнати преку овој договор. Оваа генерација на 22-годишници, но уште повозрасни, треба да се информира за овој историски мирен процес, се посочува во соопштението.

„Peace Forum Dialogue“ како и „Peace Festival“, навел Груби, ги пренесуваат соодветните вредности на демократијата, за да не се повторат грешките од минатото.

– Тие даваат пораки за мир и толеранција за подобра иднина, подвлекол првиот вицепремиер Груби, додавајќи дека преку овие активности на учесниците и граѓаните им се става до знаење дека како што нашата земја стана полноправна членка на НАТО, така и ќе чекори на патот кон ЕУ.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски: Потребно е зголемување на кредитот за автопатот Кичево – Охрид

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп: Многу сум разочаран од Путин, воена опрема вредна милијарди долари ќе биде испратена во Украина

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп ѝ се закани на Русија: Ќе испратиме „врвно оружје“ до НАТО сојузниците и Украина, ако не прекине војната за 50 дена

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од „свадба без невеста“ до сликање на автопат: Власта се гордее со проект што до вчера го нарекуваше фијаско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Дуња Иванова вицешампионка на Балканското првенство во МТБ Маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk