ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Најавен протестен собир пред тетовскиот суд за модуларната болница

August 16, 2023 08:55
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

За денеска во 12 часот е најавен протестен собир пред Основен суд Тетово за модуларната болница во која животите ги загубија 14 луѓе при пожар на 8 септември 2021. Повикот за протест по социјалните мрежи се споделува од граѓани и невладини организации.

Протестот следува по емитување на документарен филм во неделата, изработен од медиумската организација Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) насловен „Убиство во Тетово“ а посветен на оваа несреќа во која животите ги загубија 14 луѓе.

За пожарот во модуларната болница во тетовскиот суд имаше судски процес кој заврши на 5 јуни годинава. Тогаш условна осуда добија обвинетите директори Флорин Бесими и Артан Етеми за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека правното лице ЈЗУ Клиничка болница беше прогласено за виновно за делото „предизвикување општа опасност“.

Судот одлучи да има ослободителна пресуда за докторот Бобан Вучевски и Клиничка болница за делото „непостапување по здравствени прописи“.  Бесими и Етеми добија утврдената казна затвор од по една година и шест месеци, која ќе се изврши доколку обвинетите секој за себе во време од три години сторат ново кривично дело. Болницата треба да плати еден милион денари која треба да се плати 30 дена по правосилност на пресудат.

По завршување на судењето судијата Јордан Велковски образложи дека обвинетите не се обвинети за предизвикување на пожарот, а според него, обвинителниот предлог со ниту едно дејствие не ги обвинува обвинетите дека тие придонеле за пожарот.

Тетовското обвинителството поднесе жалба по повеќе од еден месец од изречената пресуда.

-Основното јавно обвинителство Тетово на 10.07.2023 година поднесе жалба на изречената првостепена пресуда, како во однос на висината на определената кривична санкција за двајца од обвинетите, така и во однос на ослободителната пресуда за еден од обвинетите. Причините за жалбата јавното обвинителство ќе ги образложи пред надлежниот суд, информираа од Обвинителството.

Tags: модуларна болницапротестТетово
Next Post

Центарот за управување со кризи: Од вкупно 19 пожари, 18 се изгазнати, еден е локализиран

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk