ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Јавниот обвинител Јовески треба да биде на располагање во однос на кој било случај, вели Ковачевски

August 17, 2023 13:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Тоа беше најтрагичниот настан во нашата понова историја и вистината треба да ја знаат сите и на вистински начин да се одлучи по однос на кој било предмет, изјави премиерот Димитар Ковачевски за случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово.

На новинарско прашање во врска со утврдувањето на одговорност на јавниот обвинител Љубомир Јовески за текот на постапката за случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово, по реакциите во јавноста по објавувањето на документарецот „Убиство во Тетово“ на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), премиерот изјави оти смета дека јавниот обвинител треба да биде на располагање во однос на кој било случај.

Во однос на наодите од германските форензичари, тој рече дека дел од документите кои што се однесуваат на спроведената постапка во тоа време, се во надлежност на Министерството за здравство.

– Сите тие документи се доставени до надлежните истражни и правосудни органи. Постои друг дел на документација која што е нарачана исклучиво од Обвинителството. И тука се однесува и на вештачењето кое што вие го споменавте. Тоа вештачење не е во домен на Владата, јас ги немам видено. Така да, единствен одговор кој што може да даде за во однос на тој документ, се тие кои што го нарачале и што го имаат, рече премиерот.

Преостанатите неплатени модуларни болници за Здравствениот дом Скопје премиерот рече дека може да бидат платени откако ќе завршат сите правосудни постапки.

– Претходниот министер за здравство има нарачано ревизија. Таа ревизија е доставена до Владата заедно со документите кои што се однесуваат на неплатените модуларни болници. И сметам дека врз основа на сите тие документи, Владата, сепак таа е колективен орган кој што одлучува колективно, меѓутоа плаќањето на преостанатите ќе може да биде извршено, ова е мој став, кога ќе бидат завршени сите правосудни постапки, појасни тој.

Во пожарот во тетовската модуларна болница во 2021 година својот живот го загубија 14 лица. Во врска со случајот, Тетовскиот суд изрече условна пресуда за обвинетите директори Флорин Бесими и Артан Етеми и правното лице Клиничка болница за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“. Ослободителна пресуда беше донесена за докторот Бобан Вучевски кој се товареше за делото „непостапување по здравствени прописи“.

Tags: Димитар КовачевскиЈОЉубомир Јовескимодуларна болница
Next Post

Тренчевска: Задоволството на корисниците од услугата помош и нега во домот е најдобар доказ дека социјалната реформа е успешна

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk