РИБАРО
„Видете мамлази мои. Не знам како се случи, а гледам уште не е сменето тоа со фотката на Фејсбук, каде се резилиме со наведнати глави. Поентата на фото постот требаше да биде дека сме единствени, непоколебливи, храбри… а не како пукани зајаци да дремиме со сведнати глави. Или се пишманиме, не сме единствени? Не знам што може да биде тоа, но ако имате нешто да ми кажете, дека некој се премислил во врска со Уставните измени, ајде да сме искрени“, реагирал утрово Мицкоски во белата палата на вмровците, дознава АХА.
„Отепаните фаци си имаат причина. Шефе, како да ти кажеме дека нè брукаш каде стигнеш. Не дека ние сме нешто поарни од тебе, ама ти апла ја претеруваш. Ќе си ја закочиме државава од пуста твоја суета. Еве в петок почнува седницата, треба да имаме малку исав и државничка одговорност иако сме вакви дибеци како што нè гледаш.“, истакнал еден од дибеците.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK