Пишува: ЕМИЛИЈА ЦЕЛАКОСКА
Имаме број на пратеници што е делив со 2, 3, 4, 5, 6, 8, 10, 12, 15, 20, 24, 30, 40 и 60. Од незнаење дропки ли имаме само мнозинство ½+1 и 2/3?
2/3 многу бара. Јасно, 3/4, 5/6 се отпаднати, оти претерано многу бараат.
Но, можеби за делот со границите треба 3/4, 5/6, или дури 7/8. Или барем минимум 7/10, или 17/24, а не само 2/3.
Многу ми се бендисува нешто 3/5-ско мнозинство. Фино, умерено, пристојно, како за изгласување на прекин на функција на пратеник, на пример. Малку ќе се поодговорни да доаѓаат. Или за средување на судството, обвинителството.
А што лесно би одело и со 5/8-ско мнозинство за некои дополни на уставот за кои постои терк во него, како сега со деловите од народи.
Можеби некои работи за медиумите треба да се прават со 7/12-ско мнозинство. Од 15-тинките само 8/15 е логично, но е преблиску до ½+1. Ама, зошто да не, може да се заменат некои ½+1 со 8/15!
Убаво е и 37/60 -ско мнозинство…
Текстот е личен став на Авторката.