РИБАРО
Во академските кругови под водство на Коцарев, на големо се крчка компромисното решение што, како што нагласуваат, може да го прифати и Бугарија и македонското Собрание, дознава АХА.
Имено, генијалниот академик Коцарев предложил наместо Бугарите, во Преамбулата од Уставот да влезе најтесната врхушка од вмровците: Христијан Мицкоски, Антонио Милошоски и Александар Николоски.
„Не смееме да се откриваме со минирање на процесите по секоја цена, и да не ги одработиме до крај руските сценарија, па затоа како што предложивме нели пред да се донесе Рамковниот договор кога баравме размена на територии и поделба на државата, сега, излегуваме со исто таков генијален предлог: Мицкоски, Антонио Милошоски и Александар Николоски поименично ќе предложиме да влезат во Преамбулата на Уставот, наместо Бугарите.
Ваков како Мицко другпат мајка Македонија не раѓа. Антоњо пак и Аце Лигна се тука да го направат компромисот со Бугарија со нивната бугарска самосвест заверена со бугарски пасош. На тој начин ќе имаме аргумент пред ЕУ дека сепак еве дел од бугарскиот народ во Македонија влегува во Уставот. Е, сега, ќе има ѓурултија со другите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ што се со бугарски пасош, ама ако ги именуваме поединечно сите нив во Преамбулата, ќе ни треба уште една Преамбула. Се надевам дека ќе сфатат и нема да реметат договор“, истакнал академик Коцарев.
Мицкоски за АХА, не сакаше ни да ја потврди ни да ја одречи оваа можна варијанта неговото име да е дел од Преамбулата во Уставот, но со оглед на тоа што направи блажена фаца кога му го поставивме прашањето, одговорот може сами да го извлечиме.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK