Професорката Мирјана Најчевска на својот Фејсбук профил сподели вест со наслов: „ЛЕНТИТЕ ЗА МЕРЕЊЕ НА ШЕЌЕРОТ ВО КРВТА „ПАТУВААТ“ КОН МАКЕДОНИЈА: Меџити – Решаваме наследени проблеми, ова е резултат на неработењето на Беким Сали“, пришто постави прашање – А од кого се наследени проблемите? Од Имер Селмани? Бујар Османи? Арбен Таравари? Беким Сали?
Професорката Најчевска поставува тенденциозно прашањe и покрај тоа што во самиот наслов, а и во текстот пишува дека министерот Меџити посочи дека ги решава наследените проблеми во здравството од неговиот претходник Беким Сали.
Професорката Најчевска вината за хаосот во здравството го насочува кон министрите Албанци и намерно или ненамерно изостави да ги спомне поранешните министри за здравство од македонска етничка припадност. Од осамостојувањето на Македонија досега имавме вкупно 15 министри, од кои 6 се Албанци.Ова се министрите за здравство од осамостојувањето на Македонија: Перко Колевски (експертска влада), Јован Тофоски (СДСМ), Илија Филипче (СПМ), Петар Илиоски (СДСМ), Драган Данаиловски (ВМРО-ДПМНЕ), Петар Милошевски (Либерална партија), Ѓорѓи Оровчанец (Демократска алтернатива), Реџеп Селмани (ДУИ), Владимир Димов (СДСМ), Имер Селмани (ДПА), Бујар Османи (ДУИ), Никола Тодоров (ВМРО-ДПМНЕ), Арбен Таравари (Алијанса за Албанците), Венко Филипче (СДСМ), Беким Сали (Алтернатива), Фатмир Меџити (Алијанса за Албанците).
Преземено од Цивил Медиа