ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: 20 години по самитот во Солун, итно ни е потребна среднорочна визија за нашиот регион во рамките на Унијата

August 22, 2023 12:17
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Обединета и просперитетна Европа во мир може да се постигне само со обединет и просперитетен Западен Балкан во мир. Во таа смисла, ова е редок случај на очигледен споделен интерес и за ЕУ и за ЗБ. Политички, економски, културолошки, па дури и географски, ние сме патници на истиот брод “, порача министерот за надворешни работи Бујар Османи во денешното обраќање на летната академија “Quo vadis Europa?”, во Сантандер, Шпанија, организирана од страна на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Борел и Меѓународниот универзитет Менендез Пелајо.

Во обраќањето, Османи се осврна на зголемениот акцент на важноста на проширувањето на ЕУ, потенцирајќи дека постои консензус кај државите од регионот и кај држави членки на ЕУ дека тоа сè уште не е доволно. „20 години по самитот во Солун, итно ни е потребна среднорочна визија за нашиот регион во рамките на Унијата”, подвлече министерот.

Османи истакна дека дефинирањето јасен пат за идните проширувања со државите од Западен Балкан со 2030 година како поставена цел, претставува врвен безбедносен интерес за самата ЕУ.

Истовремено, осврнувајќи се на потребата од конкретни придобивки за нашите граѓани на патот кон членството во ЕУ, го поздрави новиот план за раст на Западен Балкан, предложен од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, втемелен врз нашиот концепт „повеќе интеграција пред членство во ЕУ”.

„До целосното пристапување во ЕУ, потребна ни е засилена визија заедно со веродостојни и реални чекори во меѓувреме со цел унапредување на демократскиот развој, подобрување на економските можности и поттикнување на помирувањето во Западен Балкан. Тие подразбираат зголемување на претпристапните фондови, прогресивно пристапување кон единствениот пазар, продлабочување на регионалната економска интеграција, отстранување на квотите за земјоделските производи и вклучувањето на државите од регионот во трговските и инвестициските политики на ЕУ”, заклучи Османи.

Tags: БорелОсманиСамитСолун
Next Post
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

ЦИВИЛ: Нападите врз медиумските работници се напад врз слободата на говорот и човековите права во целост!

Најново

Илустрација Фронтлајн

„Евромор“ и „Правфонд“ на црната листа на ЕУ: Замрзнати средствата на руските пропагандни субјекти

April 22, 2026
Фото: ФБ страница на Христијан Мицкоски

Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

April 22, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

АМНЕСТИ ИНТЕРНЕШЕНАЛ: Светот влегува во „предаторска ера“ – колапс на меѓународното право и човековите права

April 22, 2026

Украински дронови ја нападнале руската нафтена рафинерија Сизрањ

April 22, 2026

„Метаморфозис“ го објави конкурсот за годишната награда „Илија Жупаноски“ за справување со дезинформации

April 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk