ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Утре, во Скопје: Свеченост по повод Денот на независноста на Украина

August 23, 2023 16:23
in PMD, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Споменик на Тарас Шевченко во Паркот на жената борец во Скопје

Споменик на Тарас Шевченко во Паркот на жената борец во Скопје

По повод Денот на независноста на Украина, утре во Скопје ќе се одржи свеченост која ќе започне со поворка која ќе тргне од споменикот на познатиот украински писател, Тарас Шевченко во Паркот на жената борец, во 9:45 часот наутро.

Од споменикот, свечената поворка ќе се упати кон Алејата Украина, каде што, во 10 часот, се очекува да се обрати Амбасадорката на Украина Лариса Дир. Потоа, на присутните ќе им се обратат градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, и претседателот на здружението „Лесја Украинка“, Олександр Урбанович.

Рута на движење на поворката на 23 август (9:45 часот наутро), каде што точката 1 е споменикот на Тарас Шевченко во Паркот на жената борец, а точка 2 е Алејата на Украина, зад хотелот Мериот, во правец на Амбасадата на Шведска.

По обраќањата, присутните ќе имаат можност да ја проследат изложбата „Деца на војната“, која се состои од ликовни творби на децата од Украина.

Од церемонијата на прогласување на Алејата на Украина во центарот на Скопје, 2022 година

23 август: Ден на државното знаме на Украина

Во Украина, 23 август се слави како Ден на државното знаме (украински: День Державного прапора України), познат и како Ден на националното знаме на Украина. Славењето на овој датум почна во 2004 година. Првото церемонијално подигање на сино-жолтото украинско знаме во модерното време се бележи на 24 јули 1990 година пред Градскиот совет на Киев, една и пол година пред знамето официјално да биде усвоено како државно знаме на украинската држава (почетокот на 1992 година).

На 23 август 1991 година, по неуспешниот т.н. Августовски пуч во Москва, група народни пратеници донесоа сино-жолто украинско знаме во салата за седници во украинското собрание – Врховната Рада. Знамето го освети свештеникот на УАОК Петер Бојк. Токму овој настан се поврзува со указот на претседателот на Украина, Леонид Кучма, за прогласување на Денот на државното знаме на Украина (бр. 987/2004). На ѕидот во големата сала на Врховна Рада на Украина стои слика за тој настан, а самото знаме свечено се чува во музејот на украинскиот законодавен дом. Следниот ден, на 24 август 1991 година, Украина прогласи независност.

24 август: Ден на независноста на Украина

Уште во времето кога Украина сè уште беше советска република, украинската дијаспора традиционално го одбележуваше 22 јануари (Декларацијата за независност на Украинската Народна Република во 1918 година) како Ден на украинската независност.

Сегашната форма на празникот првпат беше прославена на 16 јули 1991 година, како првата годишнина од Декларацијата за државен суверенитет на Украина донесена од Врховната Рада (Украинскиот парламент) во 1990 година. Откако Декларацијата за независност беше издадена на 24 август 1991 година, а потврдена со референдумот од 1 декември 1991 година, датумот на празникот беше променет и оттогаш се одбележува на 24 август.

Извор: ЦивилМедиа

Tags: независностСкопјеУкраина
Next Post

Санкциите кон Русија функционираат

НАЈНОВО

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 19, 2025

На студот, заедно со жртвите

August 19, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Студенти и граѓани ја блокираа зградата на судот во Нови Сад

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk