ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Доделени 16 решенија за ко – финансирање на инвестиции во рибарство и аквакултура со вкупна финансиска поддршка од 33 милиони денари

August 24, 2023 13:39
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски,  денеска, заедно со директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски во Демир Капија доделија 16 решенија за ко – финансирање на инвестиции во рибарство и аквакултура со вкупна финансиска поддршка од 33 милиони денари.

Како корисници на оваа поддршка се јавуваат регистрираните репроцентри за производство на репродуктивен и порибителен материјал, концесионерите на риби за вршење на стопански риболов како и субјекти кои се регистрирани за дејност аквакултура како огледувачи или преработувачи на риба.

Со овие 16 решенија опфатени се инвестиции кои предвидуваат изградба на мандра, пумпни станици и цревни инсталации, поставување на фотонапонски панели на рибници, набавки на товарни возила за достава на риба, цистерни за транспорт на риба, инкубатори и преработувачка опрема.

Интересот кој постои кај инвеститорите како и завидната поддршката која се доделува дополнително потврдува дека Северна Македонија има одлични предуслови за понатамошен развој на рибарството и аквакултурата како сектори кои и во иднина ќе се поддржуваат преку европскиот фонд за земјоделство и рурален развој – ИПАРД III.

Рибарството и аквакултурата како област на патот кон Европската Унија припаѓа во Поглавје 13 – Рибарство, кое е едно од 34- те поглавја. МЗШВ како носител на ова поглавје во изминатиот период интензивно работеше на усогласување на законската регулатива со релевантното законодавство на ЕУ, во таа насока Министерството со поддршка на ЕУ, со експерти од Р.  Хрватска, оваа година успешно заврши еден многу значаен проект „Усогласување на законодавството и имплементација на правото на ЕУ во областа на рибарството и аквакултурата во Република Северна Македонија”.

„Придобивките на проектот се значајни не само за МЗШВ, туку и за целата држава, бидејќи со резултатите на проектот, одиме чекор понапред во усогласувањето на нашето законодавство со законодавството на ЕУ, а со тоа и чекор понапред кон нашата стратешка цел – членство во Европската Унија” истакна  министерот Николовски.

Во таа насока, покрај Законот за рибарство и аквакултура, кој веќе е во напредна Владина процедура, подготвен е и Законот за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата. Со  овој закон се врши усогласување со релевантни делови од ЕУ регулативи, со што ќе се воспостави систем кој во иднина, по нашето пристапување во ЕУ, ќе овозможи користење на средства од Европскиот фонд за поморство, рибарство и аквакултура.

Tags: аквакултураМЗШВНиколовскирибарство
Next Post

Секогаш сме се однесувале со почит кон соседите, го очекуваме истото и од нив, вели Ковачевски

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Синер и Оже – Алијасим во финалето на мастерсот во Париз

November 2, 2025

(ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

November 1, 2025
Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Еден ослободен а 38 годишна жена приведена за грабежот во Лувр

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk