ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

МЗШВ: Интервентна мерка од 3 денари по килограм за произведен домашен сертифициран семенски материјал, од прва и втора генерација на пченица и јачмен

August 24, 2023 09:54
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Интервентната програма која од минатата година за прв пат беше воведена даде одлични резултати. Нејзината главна цел е обезбедување навремена поддршка за секој еден земјоделец во услови на криза и поддршка на домашното производство.

По предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата на последната владина седница усвои нови три мерки од Интервентната програма за 2023 година.

Дополнителна поддршка од 3 денари по килограм за произведен домашен сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација на пченица и јачмен е втората нова мерка во Интервентната програма за 2023 година.

Како корисници кај оваа мерка се јавуваат земјоделски стопанства кои имаат поднесено барање по подмерка 1.15. „Директни плаќања за произведен и продаден домашен сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација за житни, фуражни, индустриски и градинарски култури” од Програмата за финансиска поддршка во земјоделство за 2023 година. Запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал, кои имаат произведен семенски материјал во 2023 година согласно Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија и имаат добиено сертификат за конечно сертифицирано семе од прва и втора генерација на пченица и јачмен.

Кај оваа интервентна мерка прифатлива количина за сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација на пченица и јачмен, се количините наведени во сертификат за конечно сертифицирано семе од реколта 2023 година.

Интервентната програма за 2023 година е дополнета со нови три мерки насочени за поддршка на производителите на пченица, јачмен и раноградинарски култури произведени под контролирани услови.

Покрај оваа интервентна мерка, земјоделците ќе можат да аплицираат и за мерката од 3 денари по килограм финансиска поддршка за остварено и продадено или складирано производство на пченица, како и интервентната мерка за финансиска поддршка за продадени количини на домат, пипер и краставица произведени под контролирани услови.

Оваа година креиравме отворена Интервентната програма со буџет од 317 милиони денари, преку која навремено излегуваме во пресрет на секој еден земјоделец.

Претходно, во месец април оваа година МЗШВ преку Интервентната програма на располагање стави 500.000 евра поддршка за производителите на зимска зелка на отворено.

МЗШВ се грижи за секој еден земјоделец. Како министерство сме тука секогаш да им помогнеме на сите земјоделци, вложувајќи реални напори да го одржиме и зголемиме домашното производство на храна.

Tags: МЗШВсеменски материјал
Next Post

Јапонија почна да испушта прочистена радиоактивна вода од Фукушима во океанот

Shortcut

Најново

Високи затворски казни во Хаг за косовските лидери на ОВК: Ахмети и ВЛЕН со остри реакции за пресудите

September 16, 2026

Хашим Тачи од судот во Хаг прогласен за виновен за воени злосторства, осуден на 25 години затвор

September 16, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

Од 15 до 18 октомври започнува 45. Скопски џез фестивал: Четири вечери, 13 земји и ексклузивни концерти

September 15, 2026

Партиски пресметки за судството: СДСМ обвинува за неказнивост зa Кочани, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со модуларната болница во Тетово

September 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk