ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

April 18, 2026 08:05
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Правната разврска околу поранешниот премиер и бегалец од затворска казна Никола Груевски добива нова динамика по најавените политички промени во Будимпешта. Додека Основниот кривичен суд Скопје официјално потврди застарување на една од неговите затворски казни, истовремено потенцираше дека за останатите дела тој сè уште се соочува со повеќе од една деценија затвор. Оваа правна прецизност се поклопи со заострената реторика на домашната сцена – премиерот Христијан Мицкоски тврди дека правдата ќе го стигне Груевски штом стапне во државата, додека опозицискиот СДСМ алармира дека институциите намерно тактизираат за да му овозможат на бегалецот нов „транзит“ кон Русија или Белорусија.

Застарување на предметот „Тенк“

Основниот кривичен суд Скопје излезе со официјално соопштение во кое ги прецизира роковите за застарување на затворските казни на Никола Груевски.

Од Кривичниот суд потврдуваат дека застарувањето на извршувањето на двегодишната казна затвор за набавката на луксузниот мерцедес е веќе настапено.

„Во однос на предметот познат како „Тенк“, со пресуда КОК 59/17, за кој е оформен предмет за извршување на казна затвор во траење од 2 години (КУИКП 1807/18), ја известуваме јавноста дека извршувањето на казната е застарено на 16.10.2024 година, поради исполнување на роковите утврдени со Кривичниот законик“, соопштија од Кривичниот суд.

Активни потерници за над 11 години затвор

И покрај застарувањето во еден предмет, Груевски останува баран за извршување на затворски санкции во вкупна важност од повеќе од 11 години. Највисоката казна е за случајот со имотите на Водно.

„Предметот познат како „Плацеви на Водно“, со пресуда КОК 63/21, за кој е оформен предмет за извршување на затворска казна КУИКП 732/23, со единствена казна затвор од 9 години, чие извршување застарува на 14.02.2043 година“, посочуваат од Судот.

Дополнително, поради неплатена парична казна за истиот предмет, Судот донел одлука за замена на казната:

„Со оглед дека за истиот предмет е изречена и парична казна која не е наплатена, истата е заменета со казна затвор во траење од 180 дена, чие извршување застарува на 14.02.2027 година“.

Пресудата за шамарите во Општина Центар

Втората активна потерница е за предметот каде Груевски беше осуден како нарачател на насилство.

„Во однос на пресудите познати како: „Насилство во Центар“, со пресуда К. бр. 1904/16, за која е оформен предмет за извршување на затворска казна КУИКП 1094/21, во траење од 1 година и 6 месеци, чие извршување застарува на 10.09.2027 година“.

Од Кривичниот суд Скопје нагласуваат дека овие информации се однесуваат на предметите кои ги застапуваше поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), а во кои Груевски е правосилно осуден.

Мицкоски за Груевски: Доколку се појави во Македонија, ќе оди во затвор

Премиер Христијан Мицкоски порача дека ставот на државата останува непроменет и дециден – доколку Груевски се појави во Македонија, тој веднаш ќе биде спроведен на издржување на затворската казна за која веќе постои правосилна судска пресуда.

Фото: Влада

– Јас немам никакви очекувања, но доколку Никола Груевски се појави во Македонија, тој има правосилна пресуда и веднаш по неговото појавување во државата, органите на редот ќе го обезбедат и ќе го упатат на издржување затворска казна, која е во согласност со правосилна одлука. Нормално, секое лице има право да ги користи институциите и своите права да поднесува потоа жалби. Но, ние како Влада имаме пред нас правосилна пресуда, со која лицето е упатено на издржување затворска казна, а дали ќе се врати и кога ќе се врати, немам такви очекувања – изјави Мицкоски.

Полска веднаш побарала екстрадиција, а владата на Мицкоски чека и му отвора пат за бегство на Груевски, обвинува СДСМ

СДСМ преку официјално соопштение упати сериозни обвинувања до Владата на Христијан Мицкоски за намерно одложување на барањето за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски. Од партијата посочуваат дека додека други земји, како Полска, веднаш побарале екстрадиција на своите политичари по најавите на идниот унгарски премиер Петер Маѓар дека нема да има заштита за криминалци, македонските институции сè уште молчат.

Според тврдењата на СДСМ, постои реален ризик Груевски повторно да избега од дофатот на правдата. Партијата располага со информации дека Груевски нема да добие азил во Турција, но дека во моментов води преговори за бегство во Русија или Белорусија. Од опозицијата прашуваат која е цената што за ова ќе мора да ја „платат“ граѓаните на Македонија со свои пари.

Ј. Ѓ.

Tags: ГруевскиекстрадицијазатворМицкоскиСДСМ
Next Post

ЗНМ бара максимална транспарентност при изборот на новото раководство на МРТ

Shortcut

Најново

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026
Тернопил, 15 октомври 2026 (ДСНС)

Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Тужбите против OpenAI во САД: Што е потврдено, а што останува на ниво на обвинение?

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk